Во Советскиот Сојуз сакаа сé што беше монументално, така што овие пораки до идните поколенија се само уште една потврда на таквата тенденција. Кога се гледа од земја изгледаат како обични шуми, но од воздух, односно птичја перспектива, излегува дека се работи за натписи од дрвја. Настануваа на два начина: со сечење на дрвјата во одреден редослед или со намерно садење, така што растејќи дрвјето создаваше натпис.
За овие „поздрави од СССР“ претходно знаеја само мештаните, а денес едноставно можат да се видат на сателитските снимки. Во овој момент се пронајдени околу педесет такви натписи.
Google Maps
Масовното садење на дрвја почна во седумдесеттите години на минатиот век во целата земја. Првиот пат како повод за таквото необично пејзажно решение послужи стогодишнината од раѓањето ан револуционерот и основач на СССР Владимир Ленин. Повеќето сочувани натписи се посветени токму нему.
Најпознат е секако натписот во Курганскиот регион „Ленин“ кој има сто години. Го реализираа вработените во локалното шумско стопанство меѓу селата „Труд и Знаење“. Тие засадија шума од 40 илјади ели на површина во должина од 600 метри. Дрвјата денес се високи 80 метри.
Google Maps
Во Башкирија се пронајдени две илјади натписи „Ленин има сто години“: Во селото Архангелско во должина од 260 метри, а кај градот Благовешченск - 550. Во првиот случај дрвјата се садени на гол рид, така што натписот подобро се чита од вселената, додека вториот делумно зараснува.
Google Maps
Останатите натписи беа посветени на јубилеите на Советскиот Сојуз, Октомвриската револуција, Денот на Победата во Втората светска војна, дури и на конгресите на КПСС.
Google Maps
Најстариот натпис, исто така пронајден во Благовешченск во Башкирија, потекнува од времето кога се одбележуваше триесетгодишнината од победата во Втората светска војна, но не се гледа толку добро. Меѓутоа, јасно се гледа вториот натпис „60 години од Победата“, испишан 2005 година.
Google Maps
Постојат неколку натписи посветени на педесет и шестата годишнина на Октомвриската револуција. Во Русија е зачуван само еден, во Алтајскиот крај, додека останатите се наоѓаат во Украина и Молдавија.
Google Maps
Освен во вид на натпис, луѓето во Советскиот Сојуз садеа дрва и во вид на симбол. А централниот, се разбира, беше ѕвездата петокрака, во различни варијанти. На пример, во Тамбовската област цела ѕвезда ја сочинуваше шума.
Google Maps
А во Кострома и Липецк во ѕвездата беше врежан и круг.
Google Maps