Путин рече дека многу му се допаднал новиот ржевски споменик.

РИА «Новости»
„Мислам дека тоа ќе биде еден од најубавите споменици на територијата на поранешниот Советски Сојуз“, рече рускиот претседател и додаде: „Многу убаво!“ Според него, споменикот е „од една страна монументален, а од друга воздушест“.

РИА «Новости»
Скулпторот Коропцов и архитектот Фомин изјавија дека како инспирација им послужиле стиховите на Александар Твардовски „Убиен сум кај Ржев“. Авторите објаснија дека нивна задача била „да го растворат споменикот во воздух“ и да ја „одвојат“ фигурата на војникот од земјата.
РИА «Новости»