Од „страшна“ руска тврдина до главен град на Чеченија: Како настанал Грозни

Рускa трупa влегува во Тифлис (Тбилиси), 1799.

Рускa трупa влегува во Тифлис (Тбилиси), 1799.

Franz Roubaud
Откако во 1801 година Грузија станала дел од Руската империја, се појавил безбедносен проблем на реката Терек. Постојаните напади на Чечените на косачкото население и на комуникациите изискувале одговор. Новиот командант на Грузискиот корпус Алексеј Ермолов изведе неколку казнени експедиции преку реката Терек со цел протерување на Чечените во планините. А, на 22 јуни 1818 година на брегот на реката Сунжа основана е руска тврдина која го има добиено името „Грознаја“, односно „страшна“.

Откако станал главен задолжен генерал за Кавкаскиот регион, прославениот генерал од војната против Наполеон Ермолов почнал да се занимава со реорганизација на руската војска. Практичниот генерал не сакал шуткање на војската низ маршови и непрактично дисциплинирање на војската. Веднаш по пристигнувањето на Кавказ извршил реорганизација, зголемувајќи го следувањето и облекувањето на армијата.

Еден од главните проблеми со кои генералот се судрил биле непрекинатите напади на козачката станица на Терек. По повеќе казнени експедиции одлучил да направи голема тврдина и гарнизон од другата страна на реката Терек, на брегот на реката Сунжа. Темелите биле поставени на 22 јуни 1818 година. Тоа била само една од низата тврдини кои ќе го „опколуваат“ Кавказ. Таа имала цел да го спречи влегувањето на Чечените од Ханкалската клисура во рамнината. Откако согледал дека во планините на Кавказ не може да се води војна по „воените правила“ на европското војувања, генералот Ермолов развил сопствен метод на борба, постепено притискање, метод на казнени експедиции и опсада. Познати се зборовите на генералот Ермолов кои ја одржуваат неговата мисла за кавкаското боиште: „Кавказ е голема тврдина, заштитена со полумилионски гарнизон. Треба ли да се јуриша на неа или да се запоседне? Офанзивата скапо ќе нѐ чини. Ќе извршиме опсада“.

Алексеј Петрович Ермолов

Војниците ја извршиле задачата да ја направат тврдината со ударно темпо за четири месеци. Меѓутоа сè не поминувало без проблем. Чечените не гледале благонаклоно на градењето на тврдината, па повеќе пати и ја напаѓале. Сеќавајќи се на тие денови, Ермолов во својот дневник напишал: „Неретко се случуваше војниците да ги напуштаат шанците и да земаат оружје за да ги одбијат нападите. Но, откако од другата страна на реката Сунжа исто така беше создадено утврдување, Чечените сè помалку се појавуваа на нашата страна“.

Тврдината претставуваше правилен шестоаголник од кој секој агол претставуваше бастион со пушкарници и окна за два топа. Ѕидовите на тврдината беа од земја, утврдени со шанци. Во тврдината се наоѓаа магацини за оружје и муниција, касарна и стражарница. Околу самата тврдина имаше ископано ровови. Куќичките во рамките на тврдината беа од дрво. Самата тврдина беше опкружена со чеченски аули (утврдени села) од кои повеќе пати беше напаѓана, но Чечените сфатија дека тврдината е достојна на своето име.

Тврдината Грознаја

Во 1839 година ѝ беше додадена воена населба со 154 семејства. Сите доселеници се запишани во козаци, а самото село го добило називот Грозненское.

Како што поминувало времето Грозни сè повеќе добивал црти на населено место, почнале да никнуваат продавници и полека станувал еден од трговските центри. И ако следните децении биле обележани со Кавкаските војни, Руската империја и горските народи не се занимавале само со војување. Повеќе пати за време на последната Кавкаска војна имамот Шамил дозволувал размена на товар.

Не само што ситуацијата се менувала, се менувала и самата тврдина – во неа активно се развивале занаетчиските работилници, се појавиле првите тулани. До 1859 година непријателствата во Чеченија престанале, а една година подоцна царскиот губернатор на Кавказ, принцот Баратински, наредил во Грозни да се одржуваат два саеми годишно. Благодарение на саемите, развојот на населеното место се одвивало со забрзано темпо. На 30 декември 1869 година, тврдината Грозни, која го изгубила своето стратешко значење, станала окружен град на областа Терек.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња