Пронајден јуришен авион Ил-2 со настрадан екипаж, учесник во пробивањето на опсадата на Ленинград

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Припадниците на специјалниот баталјон за потрага на Западниот воен округ на ОС РФ открија остатоци од јуришен авион Ил-2 кој учествувал во пробивањето на блокадата на Ленинград. Авионот е пронајден во шума во близина на населеното место Никољско.

Како што соопшти службата за односи со јавноста на Западниот воен округ, на местото на кое паднал авионот се пронајдени и остатоците на загинатите членови на екипажот. Од земјата се извадени орден на Црвена ѕвезда и медал За храброст, предмети за лично вооружување, како и делови од трупот на леталото со сериски броеви.  

Утврдено е дека јуришниот авион припаѓал на борбениот персонал на 943 јуришен воздухопловен полк. Меѓу членовите на екипажот биел помладиот поручник Владимир Иванович Усков, роден во Тамбов, и стрелецот-радист Александар Павлович Бељаков. Нацистите го собориле нивниот авион на 22 март 1943 година. За примерно извршување на борбените задачи за командување помладиот поручник Владимир Усков е награден со медал „За храброст“ и орден на Црвена ѕвезда.

А во Тамбов се трага по роднините на херојот. Познато е дека Усков се родил 1919 година и дека живеел во улицата „Буденов“ бр. 13. Куќата постои и денес, само што нејзините сопственици не знаат ништо за фамилијата Ускови.