Кон средината на Првата светска војна (1914-1818) Русија можела да добие тенк висок колку двокатна зграда, со вградени топовски оружја кои секоја тврдина би ја претвориле во прав и пепел.
За разлика од „џиновското јајце“ или тенкот „Обој“, овој проект е реализиран во 1915 година во подмосковското село Орудјево. Тогаш случаен минувач можел со своите очи да види метална аждаја висока колку двокатна куќа, долга 18 и широка 12 метри.
Поради својот застрашувачки изглед и борбениот арсенал овој ѕвер го има добиено прекарот „Тенк-цар“.
Прва светска војна
МАММ/МДФ/russiainphoto.ruРуската империја во 1915 година била во незавидна ситуација. Германските единици тргнале во офанзива на источната линија на фронтот и ја опколиле руската армија на подрачјето на Галиција (денешен дел од западна Украина) и Полска.
Во престолнината стасувале куп писма со предлози да се направи ново оружје кое би можело да направи пресврт во војната. Еден од таквите проекти бил „Тенкот-цар“ на инженерот Лебеденко.
Скиците и пресметките на идната машина го заинтересирале царот Николај Втори. „Тенкот-цар“ бил храбар и амбициозен проект кој во многу работи бил пред своето време.
Било замислено како погон за новото оружје да служи авионски мотор кој би ѝ овозможил на џиновската машина на три тркала на нерамен терен да развие брзина од 17 километри на час. Требало тенкот да има челичен валан оклоп и два топа со калибар од 76.2 милиметри кои пробиваат ѕидови. Секој топ имал комплет од 60 проектили. Покрај тоа, неколкуте митралези „Максим“ со калибар од 7.62 милиметри до десетина илјади куршуми би го штителе „Тенкот-цар“ од непријателската пешадија.
Со челичниот џин би управувал екипаж од 15 лица.
Царот Николај Втори Романов на смотра на војници.
МАММ/МДФ/russiainphoto.ruИмператорот го повикал Лебеденко лично да дојде во Зимскиот дворец во Санкт Петербург и да го претстави својот проект.
Инженерот донел дрвен модел на идното оружје. Николај Втори се воодушевил кога видел како по тепихот скока количката на три тркала со мотор на опруга извадена од грамофон. Проектот добил „одобрениe одозгора“, па за неговата реализација биле издвоени потребните средства.
Неколку месеци подоцна бил готов првиот и единствен експериментален примерок на оружјето тешко 60 тона. Тоа било импозантна машина со огромен топовски лафет кој служел за движење, со челичен оклоп и со низа други најсовремени оружја од тоа време монтирани на конструкцијата.
Макета на „Тенкот-цар“ во музејот
Арсениј БелобородовМеѓутоа, првото тестирање било неуспешно. Задниот валјак на „Тенкот-цар“ паднал во дупка штом машината била симната од потпората, така што тенкот не можел ни да мрдне.
Излегло дека грешката била направена во пресметката зашто задниот дел од машината бил преоптоварен и фактички се „зарил“ во земја.
Било решено проектот да се усоврши, но следувала револуцијата од 1917 година и сите работи на проектот за „Тенкот-цар“ биле запрени. Осамениот челичен џин осум години собирал ‘рѓа среде шумата, за во 1923 година да заврши во старо железо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче