Козаците со векови биле и гордост и главоболка на руските цареви. Во замена за определен степен на самоуправување овој воен сталеж која настанал со мешање различни етноси ги чувал границите на Руското царство.

Global Look Press
Одличните коњаници Козаци знаеле да го преплашат непријателот, брзо и ефикасно ги растерувале демонстрантите на плоштадите и биле лична гарда на царот. Од друга страна слободољубивите Козаци би се запалиле веднаш штом би почувствувале дека некој им ги одзема правата и му се заканува на нивниот начин на живот.

Getty Images
Крајот на монархијата и граѓанската војна ги поделил Козаците, како и целиот народ. Во молскавичните јуриши на коњиците на бескрајните простори на југот на Русија се судирале сега црвените и белите Козаци.
Getty Images
Поголемиот дел Козаци сепак биле на страната на Белото движење откако новите власти им ги одзеле правата и земјата, а по победата во Граѓанската војна советската власт тоа не им го заборавила. Политиката која се спроведувала имала за цел самиот поим козаштво да исчезне од рускиот јазик. Козаците го изгубиле правото да пристапуваат во Црвената армија (со исклучок на оние кои од почетокот на војната биле на страната на болшевиците).
Getty Images
„За татковината, за Сталин“
Меѓународната ситуација во триесеттите години од минатиот век во опасноста од голема војна го натерале советското раководство да го смени односот кон Козаците. Започнала кампања за „советско козаштво“: На државата одеднаш ѝ бил потребен препород на козачките традиции и активно учество на Козаците во општествениот живот.
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Најважно е што во 1936 година била укината забраната Козаците да служат во Црвената армија. Некои коњички единици се нарекувале „козачки“. Потоа почнале да се формираат козачки дивизии и корпуси во кои војниците можеле да носат традиционална козачка униформа. Веќе следната година Козаците учествувале на парада на Црвениот плоштад.
Козачките дивизии учествувале во сите значајни битки на Големата татковинска војна. Коњаниците биле вооружени со сабји, пушки, митралези, па и со топови. Не можеа да им се спротивстават на германските тенкови, но беа мошне корисни во контранападите кога непријателот бегал на сите страни. Ефикасноста на Козаците во голема мера пораснала во 1943 година кога добиле полкови противтенковска артилерија и противвоздушна одбрана.
Getty Images
За хероизмот козачките единици често се прогласувани за гардиски. Така една од најлегендарните единици на Црвената армија станала Третата гардиска коњичка дивизија во која биле главно Козаци од Кубањ. Од јули 1941 до мај 1945 година дивизијата има преминато 127.000 километри низ териториите на СССР, Полска и Германија и учествуваат во битките за Москва, за Варшава и за Берлин.
Getty Images
Козакот во Втората светска војна не бил задолжително коњаник. Деветтата краснодарска козачка пешадиска дивизија била толку опасна што Германците ги нарекле нејзините припадници „Сталинови главосечачи“. Еден од најдобрите советски тенкисти (52 уништени нацистички тенкови) бил Козакот Дмитриј Лавриненко, а конструкторот на оружје Фјодор Тогарев (таткото на „тете“ и на главната пушка на Црвената армија СВТ) бил исто така Козак.
Public domain
„Против комунистите, Евреите и нивните слуги“
Доколку поголем дел од Козаците ја бранел татковината, некои не можеле да ѝ простат на советската власт за старите навреди и преминале на страната на Германците. На окупираните територии на кубањското и на донското козаштво активно се формирале козачки дружини и полициски баталјони кои се бореле против партизаните или биле чувари на заробените црвеноармејци.
Archive photo
Со нацистите во Русија се вратиле и козачките атамани кои ја напуштиле земјата по поразот во Граѓанската војна. Еден од нив бил Пјотр Краснов кој уште од првиот ден на почетокот на операцијата Барбароса на 22 јуни 1941 година им порачал на Козаците: „Ве молам да се пренесе дека оваа војна не е против Русија, ами против комунистите, Евреите и нивните слуги кои тргуваат со руската крв. Бог нека ги чува германското оружје и Хитлер!“
Public domain
Фирерот немал ништо против козачките колаборационисти зашто идеолозите на Третиот Рајх ги сметале Козаците за потомци на Остроготите или на Источните Гори, односно за чисти Аријци. Голема улога во тоа одиграла поддршката што Козаците во Германија им ја дале на Националсоцијалистичката германска работничка партија НСДАП уште пред да дојде на власт.
Scherl / Global Look Press
Во козачките единици на Вермахтот и СС немало само Козаци. На пример, 15 козачки корпус на СС пред крајот на војната располагал со 25.000 луѓе, а таму имало Козаци, советски заробеници кои преминале на страната на Германија и околу 5.000 германски војници.
German Federal Archives
На Балканот имало многу Козаци кои се бореле на страната на Хитлер. Токму оттука бегале во Австрија и им се предале на Англичаните, само за да не ги фати Цревната армија.
Scherl / Global Look Press
Но, на 28 мај 1945 година Англичаните му предале на СССР околу 50.000 Козаци-колаборационисти. Над раководителите е применета смртна казна, а останатите биле осудени на робија во следните десет години.
С.С.Максимов,М.Е.Карышева/Воениздат, 1979.