Руската војска подигна од дното на Црното море торпеден чамец од Втората светска војна (ВИДЕО)

Историја
RUSSIA BEYOND
За време на војната торпедните чамци на Црноморската флота вршеа ноќни напади, гаѓаа крајбрежни цели, учествуваа во десанти, евакуираа ранети од првата линија на фронтот и обезбедуваа придружба за транспортните бродови.

Војниците подигнаа од дното на Црното море торпеден чамец Г-5 од времето на Втората светска војна. Ова го соопшти прес-службата на Црноморската флота.

„Екипажите на бродовите од составот на спасувачкиот одред за управување со операции за потрага и спасување на Црноморската флота извадија од водата труп на торпеден чамец Г-5 кој потонал во Втората светска војна“, се наведува во соопштението.

Чамецот е откриен на влезот во Карантинскиот залив, каде во текот на 250-дневната одбрана на Севастопол од германско-фашистичките освојувачи се наоѓаше базата на торпедните чамци. Иако долго време се наоѓаше во вода, трупот на чамецот е сочуван во целост.

„Пред почетокот на кревањето на чамецот реонот под вода е прегледан со помош на подводен апарат на далечинско управување. Прицврстувањето на објектот за дигалката го реализираа четворица нуркачи, а чамецот го крена пловечка дигалка“, соопшти прес-службата.

Специјална комисија ќе ги проучи околностите под кои потонал чамецот. Можно е овој Г-5 да биде сместен во музеј.

Г-5 е проект на советски торпедни чамци од 30-тите години. Тестирањата на чамецот почнаа на 15 февруари 1933 година.