90 војници против 2500 терористи: Во Русија оддадена почит на 6 чета од Втората чеченска војна

kremlin.ru
Во Русија на 1 март на територијата на 76 воздушно-десантна дивизија во Псковската област се одржа меморијална свеченост на која присуствуваа претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Оваа недела Русија го одбележува споменот на подвигот кој поради херојството и пожртвуваноста засекогаш ќе остане забележан во историјата како на руската војска, така и на целата земја. На 1 март се навршија точно 20 години од подвигот на псковската десантна единица која далечната 2000 година се бореше со повеќекратно надмоќните сили на терористите, бранејќи ги своите позиции и не пропуштајќи ја армијата бандити на арапскиот наемник Хатаб во Аргунскиот теснец.  

Вчера на територијата на 76 воздушно-десантна дивизија во Псковската област беше одржана меморијална свеченост. На неа присуствуваа претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Тие положија цвеќе на споменикот на загинатите припадници на 6 чета, присуствуваа на поменот и концертот посветен на споменот на хероите.

Претседателот на Русија имаше со роднините и пријателите на загинатите посебна средба. Путин рече дека ги проучил проблемите со кои што се соочиле роднините на загинатите херои. На пример, во различни региони се разликува нивото на примања кои ги одбиваат носителите на одликувања. Одлуката за овие прашања рускиот претседател ги зеде под личен надзор.

Потоа рускиот лидер и шефот на воениот ресор извршија смотра на припадниците на 104 полк на 76 воздушно-десантна дивизија. Војниците во парадата поминаа преку истото место каде што некогаш маршираа припадниците на 6 чета.

Сега во Чеченија во околината на Улус-Керт секоја година доаѓаат роднини и пријатели на загинатите борци на легендарната 6 чета. На падините на кавкаските планини, на подрачјето на Аргунскиот теснец, подигнат е спомен-крст.

Во февруари 2000 година псковската десантна дивизија имаше задача да ја заврши антитерористичката операција. За да го спречи продорот на одделни терористички групи од Чеченија во Дагестан, по должината на Аргунскиот теснец беа распоредени единици на воздушно-десантните сили. Една висинска кота требаше да ја заземе 6 чета на 104 полк на 76 псковска дивизија.

На приодот до позициите војниците се судрија со непријателот. Тоа беше нерамноправна борба. Најпрвин снајперист го уби командантот на четата Сергеј Молодов. Командата ја презеде командантот на батерија Марк Евтјухин. Тогаш никој не можеше ни да претпостави дека на котата 776 ќе пристигне формација од 2500 терористи.

Целта на терористите беше да го поминат превалецот, по секоја цена да влезат во Дагестан и да заземат три населби. Тогаш ќе можеа да ги диктираат своите услови. Но тоа не го дозволи 6 чета. Против 2500 терористи застанаа 90 припадници на руските десантни сили.

Оваа борба, која повеќе изгледаше како кланица, траеше 19 часа. Кога војниците ја потрошија муницијата, преминаа на ножеви и војнички ашови. За да го спречат дејствувањето на артилеријата, терористите им пријдоа во непосредна близина на војниците. Напаѓаа во бранови, не обрнувајќи внимание на големите загуби.

На командантот на батеријата Евтјухин Хатаб и Басаев повеќе пати му нудеа да се предадат. Исто така нудеа да платат 500 илјади долари за таканаречениот „зелен коридор“. Но, војниците одговараа само со оган од автоматските пушки.

Од 90 припадници на 6 чета преживеаја само шестмина. 22 војници добија звање Херој на Русија, од кои 21 посмртно. А Орден за храброст добија 68 војници и офицери, од нив 63 посмртно.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња