Во Москва отворена диорама по повод подвигот на падобранците на 6 чета во Аргунската клисура

Руски војник во Чеченија.

Руски војник во Чеченија.

МАММ / МДФ, Russian Photo
На 1 март 2000 година, деведесет припадници на вооружените сили стапија во нерамна борба со преку две илјади терористи.

Во Москва е отворена диорама која го прикажува подвигот на легендарната 6 чета во Аргунската клисура (Битката за котата 776). На огромно платно се прикажани разни епизоди на овој храбар подвиг. Во централниот дел припадниците на десантот под рафален оган се обидуваат да ги запрат терористите. Некои се борат гради во гради. Ранети војници со последните сили се наведнуваат над мртвите, а во позадина непријателот надира од сите страни.

На 1 март 2000 година, деведесет припадници на вооружените сили стапија во нерамна борба со преку две илјади терористи.

„Секако, сите знаеја дека нема да ја преживеат таа битка. Но, тие сепак се бореа до крај, до последниот куршум. Тоа се вистински јунаци! Тие ќе бидат пример за сите наредни генерации!“, рече на церемонијата на отворањето командантот на Воздушно-десантните сили на РФ генерал-полковник Андреј Сердјуков.

Уметниците направија огромна работа, како што може да се види од видеото за создавањето на диорамата. Од идејата до реализацијата поминаа година и половина. Најпрвин требаше да се подготви платното високо преку три и пол метри и седумнаесет метри долго. Уметниците од ателјето „Греков“ отидоа во Аргунската клисура за да соберат материјал. Таму го проучуваа пределот, цртаа портрети и цели фрагменти според модели. А потоа шест автори неколку месеци деноноќно работеа на проектот.

Диорамата е изненадувачки реалистична. Уметниците при изработката на скицата посветија големо внимание на деталите. На диорамата се насликани и митралези, и шлемови, и каиши за муниција, па дури и траги од куршуми на дрвјата.

Во наредниот период диорамата ќе биде демонтирана и испратена во Музејот на Воздушно-десантните сили во Рјазањ.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња