Во Јакутија 21 дијамант ќе добијат имиња по херои од Втората светска војна

Историја
RUSSIA BEYOND

Оваа година по повод Денот на Победата 21 голем дијамант, изваден на јакутските наоѓалишта, ќе добие име по херој од Втората светска војна од Јакутија.

Изминативе години во дијаманти се овековечени имињата на четворица херои од Втората светска војна од Јакутија. Тоа се „Снајперистот Охлопков“, „Херојот Попов“, „Херојот Степанов“ и „Херојот на Советскиот Сојуз Н. А. Кондаков”.

Во јануари оваа година уште еден крупен дијамант доби име по херојот на Советскиот Сојуз Сергеј Александрович Асјамов.

Од прес-службата на раководителот и владата на Република Јакутија соопштија дека до 9 мај ќе бидат овековечени имињата на сите борци од Јакутија кои извршиле подвиг и добиле звање херој.

На дијамантите потешки од 50 карати, на иницијатива на раководителот на регионот Ајсен Николаев, а со поддршка на генералниот директор на компанијата „АЛРОСА” Сергеј Иванов, ќе им бидат доделувани и имиња на други заслужни личности кои значително придонеле за развојот на републиката. Меѓу другото, ќе бидат овековечени имињата на Хероите на социјалистичкиот труд. Вкупно до 2022 година, кога републиката одбележува 100 години од основањето, имиња ќе добијат 100 дијаманти.