Московскиот Кремљ во 18 и во 19 век. Погледнете ги овие неверојатни „фотографии“

„Московскиот Кремљ. Графичка реконструкција
Не, ова не е грешка. Руските дизајнери прецизно го реконструираа изгледот на московскиот Кремљ во 18 и 19 век. На овие слики можете да видите што направиле нашите предци.

„Московскиот Кремљ. Графичка реконструкција“ е дело на руските историчари, ај-ти техничари и дизајнери. Користејќи описи и слики на московскиот Кремљ од претходните епохи тие создадоа детални фотографии со кои се опфатени сите познати особености на московската тврдина во минатото.

1700

1. Поглед од Бољшој камени мост. Белата градба е Палатата на Борис Годунов, која бил деконструирана по наредба на Екатерина велика во седумдесеттите години од 18 век.

2. Спаската саат-кула. „Стариот“ часовник е изграден во прваа половина на 17 век од шкотскиот инженер Кристофер Галоуеј, кој исто така го предложил и покрив над кулата со цел да се зачува механизмот на часовникот – така покриви се појавиле на сите кули на Кремљ со цел да се согласуваат со саат-кулата. Часовникот бил заменет во 1701 година.

3. Спаска кула, влез. Покрај кулата може да се види пазар – пазарите и продавниците го окупирале Црвениот плоштад во времето пред Петар Велики.

4. Бољшој камени мост е направен според проектот на инженерот Жагон Кристлер од Стразбур кон крајот на 17 век. Исто така се нарекува Мостот на сите светци и се смета за најскапа градба. Висок е 22 метри и долг е 170 метри. На него имало државни објекти, конаци и куќи на благородници. Стариот мост бил урнат во средината на 19 век и бил заменет со понов.

1800

1. Благовештенски собор.

2. Ивановски плоштад и Чудов манастир (уништен во 1932)

3. Кремљ од спротивната страна на реката. Кон крајот на 17 век ѕидините и кулите на московскиот Кремљ биле обоени во бело.

4. Собор на боровиот спас во московскиот Кремљ (долу), еден од најстарите московски собори, уништен во 1933 година и Теремниот дворец (сè уште непроменет).

5. Спаската и Набатната кула.

6. Кремљ гледан од улицата Тверскаја. Десно е кремљската клисура со вода и дел од старата ѕидина на Китај-город.

7. Панорамата на Црвениот плоштад во Кремљ со дрвени градби со Горните трговски низи (уништени кон крајот на 19 век).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња