Кремљ ги објави најинтересните снимки од Путиновите 20 години на власт

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На сајтот на Кремљ се објавени ретки снимки со рускиот претседател направени од неговите лични фотографи и сниматели.

Меѓу објавените материјали е и првото новогодишно обраќање на претседателот Владимир Путин до руските граѓани.

„Тоа се одбрани моменти од последните две децении на работата на Путин како и претседател и како премиер. Тоа се највпечатливите и најинтересните фотографии и видеоснимки од изминатите години. Некои од снимките веќе беа објавени, но веќе се заборавени, но има и некои материјал кои првпат се објавуваат. Тука има многу интересни работи“, рече портпаролот на Путин Дмитриј Песков.

Песков додаде дека меѓу материјалите ќе се најде и првото новогодишно обраќање на Владимир Путин до руските граѓани, како и неговите први државнички посети и средби со светските лидери. Во хрониката влегоа и фотографии од бројни состаноци и преговори.