Путин: Русите мора да бидат благодарни на своите татковци и дедовци кои создадоа моќна држава

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија е сигурен дека рускиот народ треба да биде горд на многуте достигнувања од советскиот период.

Рускиот претседател е благодарен на постарата генерација која во советскиот период стори сé за државата да стане силна.

„Во советскиот период се сторени многу нешта со кои можеме да се гордееме. И се гордееме до ден-денес: со победата во Втората светска војна, освојувањето на космосот. Има многу такви достигнувања“, рече  Путин на големата прес-конференција во Москва.

„Мораме да им бидеме благодарни на нашите предци, на нашите татковци и дедовци кои во советскиот период создадоа толку огромна и моќна држава“.