1. Поморската пешадија во Русија за првпат се појавила на почетокот на 18 век за време на долготрајната и разорна Голема северна војна (1700-1721) против Шведска. Царот Петар Први на 27 ноември 1704 година наредил да се основаат полкови на „морски војници“ кои ќе служат во новоформираната Балтичка поморска ескадра.
Public domain
2. За „морски војници“ биле избрани најдобрите претставници на Преображенскиот и на Семјоновскиот гардиски полк. Веднаш се испратени во борба со Швеѓаните, каде заблескале на 7 август 1714 година за време на битката кај Гангут каде го нападнале и го зазеле еден од најголемите шведски воени бродови кој се викал „Елефантен“.
Маврикиј Бакуа
3. На Балтичкото море во 1785 година биле формирани руските „морски војнички“ полкови. Само пет години подоцна се истакнале за време на опсадата на неосвојливата тврдина Измаил во Руско-турската војна (1787-1792).
S. Schiflyar
4. Прекрасна страница во историјата на руските маринци е опсадата на Крф (1789-1799) за време на Војната на втората коалиција. Тоа е ретка епизода во која Руската и Османлиската империја биле сојузнички. Во нападот на островот Видо загинале само 31 „морски војник“, а овој остров бил клучно упориште за одбрана на Крф. Брзиот и ефикасен напад завршил така што францускиот гарнизон загубил 200 луѓе, а 402 војници биле заробени. По заземањето на Видо, Крф бил значително ослабнат и наскоро капитулирал.
В. Коченков
5. Маринците низ векови ја докажувале својата ефикасност, но на почетокот на 19 век рускиот воен врв дошол до заклучок дека на Вооружените сили повеќе не им е потребен ваков род на војска. Се сметало дека работата на овие елитни единици можат да ја извршуваат вооружени екипажи на воените бродови и козаците. Така во 1811 година полковите на морнаричката пешадија станале дел од копнените единици. Руската армија немала маринци сè до 1911 година кога овој род војска повторно бил воведен.
6. Во првата светска војна руските маринци биле активни на Балтичкото и на Црното море. Особено интензивно се користени против Османлиското царство. Црноморската военопоморска дивизија формирана во 1916 година требала да земе учество во големиот десант кај Истанбул. Но, овој амбициозен план го нарушува Револуцијата од 1917 година.
7. Овие единици се користени во многу војни и во воени конфликти во кои Русија учествувала во текот на својата историја, но најмногу се прославиле во текот на Втората светска војна. Над 200.000 советски маринци ги бранеле военопоморските бази и важните приморски градови како што се Талин, Одеса, Ленинград и Севастопољ. Учествувале и во десантни операции и давале поддршка во контраофанзиви, а потоа и во офанзиви на Црвената армија.
Макс Алперт / Sputnik
8. Во своите поголеми и помали операции маринците секогаш брзо и ефикасно ги напаѓале Германците и Јапонците, носејќи хаос и ужас во непријателските редови. Во јануари 1942 година 56 маринци излегле во близина на окупираната Евпаторија на Крим. Ја уништиле германската полициска станица, еден германски авион на локалниот аеродром и неколку непријателски брода и чамци на пристаништето, ослободиле 120 воени заробеници и успешно се вратиле дома.
Евгениј Халдеј / Sputnik
9. Елитните трупи во црна униформа впечатливо се разликувале од обичните војници. Германците ги нарекле „Црна смрт“ и често ја фалеле нивната непоколебливост, храброст и подготвеност да не отстапат дури и по цена на животот. Еднаш една опколена единица од само 13 маринци ја држела својата положба една седмица. Кога ја изгубиле надежта за пробив на обрачот, командирот Уљјан Латишев преку радиоврска му јавил на штабот: „Ќе се кренеме со гранати во воздух. Збогум!!“
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
10. Набргу по завршувањето на војната советскиот воен врв зазел став дека во новата нуклеарна ера нема место за маринците. До 1956 година сите единици на морнаричката пешадија биле расформирани. Овој пат на генералите не им било потребен цел век да ја согледаат својата грешка. Маринците биле вратени по само седум години, односно во 1963 година.
Олег Макаров / Sputnik
11. Повоените операции на морнаричката пешадија главно се воена тајна. Познато е дека советски маринци биле испратени во Сирија во 1967 година за време на Шестдневната војна, подготвени да се спротивстават на израелските единици кои беа во офанзива. Тоа сепак не се случи зашто воените дејствија беа запрени.
Михаил Кухтарјов / Sputnik
12. Денес маринците се познати по операциите против сомалиските пирати. Тие на 6 мај 2010 година го ослободија запленетиот танкер „Московски универзитет“. Покрај тоа, се вратија во Сирија каде ја чуваат воздухопловната база Хмејмим во близина на Латакија и военопоморскиот објект во Тартус.
Николај Хижњак / Sputnik
Виталиј Ањков / Sputnik