Видеото датира од средината на 2016 година, кога сириската армија, заедно со нејзините руски сојузници, вложуваше големи напори да му помогне на измаченото население во провинцијата Хомс. Во тој момент се водеа интензивни борби за оваа провинција. Притоа беа организирани бројни конвои со хуманитарна помош кои мораа да поминат низ многу порозна територија, во која сè врвеше од терористи од разни исламистички организации. Терористите на „Исламската држава“ започнаа во нивните напади интензивно да ги применуваат таканаречените „џихад-мобили“, пишува интернет-порталот Marsonline.
Тоа се, всушност, цивилни автомобили, а понекогаш и оклопни транспортери, кои дополнително се засилени со оклопни плочи и наполнети со огромни количини експлозив. Овие возила беа управувани од самоубијци кои веруваа дека со чинот на жртвување стекнуваат право да одат во рајот.
Тимошенков беше припадник на морнаричката пешадија на руската армија. Неговата единица беше меѓу првите кои дојдоа на ова подрачје на Сирија, каде што организираше прием на останатите делови на руската експедициска група која подоцна почна да пристигнува. Се работеше за елитна десантно-јуришна единица на 336 гардиска самостојна бригада на морнаричката пешадија од градот Балтијск во Калининградската област.
Во еден момент, на хоризонтот на непрегледната пустина беше забележано возило кое му се приближуваше на конвојот со голема брзина. Зад него се креваше голем облак од прав. Војниците набрзо сфатија дека станува збор за оклопно возило (џихад-мобил) со експлозивна направа што можеше да го збрише целиот конвој од лицето на земјата. Кон него беше отворен оган од целото расположливо оружје (автоматски пушки, митралези, тешки митралези, ЗУ-23, тенковски топови).
Меѓутоа, полесната муниција, иако ја погодуваше својата цел, немаше никаков ефект затоа што возилото беше заштитено од сите страни. Гранатите испукани од ПА и тенковскиот топ беа непрецизни, што доведе до создавање на голема прашина пред и околу целта. Ова доведе до губење на визуелниот контакт со напаѓачот.
Во графичката обработка на видеоматеријалот се гледа како сириските војници почнуваат да бегаат пред залетаното возило. Единствено Тимошенков остана ладнокрвен, каде со помош на тенкот се обиде да го запре напаѓачот. Според сведочењето од местото на настанот, Андреј успеал значително да го забави возилото со тоа што му ги издупчил буквално сите пневматици. На овој начин тој му овозможи на конвојот да се повлече на безбедно растојание.
Напаѓачот го забележа сирискиот тенк низ отворот на блиндираниот ветробран и се насочил кон него. Во непосредна близина на тенкот го активираше своето полнење, што беше еквивалентно на 100 килограми експлозив. Од силината на експлозијата рускиот војник Александар Тимошенко беше тешко ранет и итно префрлен во воена болница, каде што и покрај извонредното ангажирање на хируршкиот тим, почина во својата 27 година од животот. Зад рускиот херој останаа неговата сопруга Нина Тимошенкова и ќерката Саша. Посмртно е одликуван со Орден за храброст.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче