Натпис на патоказ: РИГА. Патот е блокиран од непријателот. Да го уништиме! Септември 1944.
МАММ / МДФ / russiainphoto.ruНа сајтот на рускиот започна да работи сегментот под назив „Пламенот на слободната Рига“. На порталот се објавени документи за одликувања, наредби, дневници и шеми на борбените дејствија за време на Ришката операција.
Советски војници во Рига. Октомври 1944 година
Public domainМеѓу другото, документите зборуваат за форсирањето на езерото Тишезерс со десант во амфибиски возила. Се наведува дека оваа акција имала големо значење за понатамошниот тек на офанзивата и заземањето на Ришкото утврдување.
Исто така, меѓу документите се наоѓа запис за концентрациониот логор „Куртенхоф“, кој беше пронајден на 18 километри од Рига, а војниците го нарекоа „Долина на смртта“. Логорот функционирал од 1941 година до почетокот на ослободителната операција. Во Саласпилскиот логор биле чувани деца од кои земале крв за ранетите германски војници. Преживеаните логораши нацистите ги одвеле и ги пред доаѓањето на советските сили ги запалиле речиси сите градби.
Ришката стратешка офанзива почна на 14 септември 1944 година и беше дел од Прибалтичката операција. Силите на 3 Прибалтички фронт на 13 октомври зазедоа дел од Рига на десниот брег на реката, а на 15 октомври, откако ја поминаа Западна Двина, целосно го ослободија главниот град на Летонската ССР.
Летонска Советска Социјалистичка Република. Рига. Поставување на црвеното знаме по ослободувањето на градот од германско-нацистичката окупација.
Николај Петров/TASSЖителите на летонската престолнина воодушевено ги пречекаа советските војници. Вака го опишува тој настан началникот на политичкото одделение на 43-та гардиска летонска стрелечка дивизија: „Дивизијата со борби помина од границите на Летонската ССР до Рига, но никаде населението не ја пречека току срдечно како во Рига. Граѓаните ги пречекуваа војниците и офицерите со цвеќе и црвени знамиња“.
На 13 октомври 1944 година, во 23 часот, Москва истрела четири артилериски плотуни од 324 орудија во чест на силите на 3-от и 2-от Прибалтички фронт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче