Од крајот на 1969 година од републичкото одделение на КГБ во подмосковниот град Балашиху започнаа да доаѓаат најдобрите оперативци, физички издржливи, со знаење странски јазици и со искуство во агентурната работа.
Искусните конструктори ја претвораа нивната обука во вистински искушенија.
„За човек да се прекали треба да се создадат такви услови во кои со краен напор може да се направи сѐ. Требаше да се пробијат беспаќа, низ снег до колена или до рамена, сеедно. Тој мораше да ја исполни секоја задача, сфаќајќи дека ако не ја исполни, за него повеќе не постои надеж“, објаснува Анатолиј Набоков, резервен офицер, ветеран на специјалните служби на КГБ, предавач на КУОС.
„Ќе те исфрлат некаде в шума, и за два часа мора да поминеш 20 километри низ шума ноќе. Со полна воена опрема, а по пат, треба да се сретнеш со некого, да добиеш од него информација, и во определено време ќе те чека кола. Ако задоцниш половина час, мораш да минеш десет километри пеш, зашто автомобилот сега чека на друго место според планот за резервна варијанта“, се сеќава Александар Карелин, полковник на КГБ во пензија кој своевремено завршил на КУОС.
Програмите за агентурна работа, минирање и диверзии не беа залудно составени од најдобрите стручњаци во своите области. Тие за курсистите организираа теренски тестирања.
„Ќе ве остават ноќе, а наутро веќе треба да бидете под земјата. Група од 12 луѓе изнесуваат неколку десетина кубици земја, така што во најблискиот полупречник да не остане ниту една грутка земја. Сето требаше да исчезне во мочуриште, во поток или каде сака. Толку исечена шума и соборени стебла не може да се остават тука, требаше да се однесат некаде. И сето тоа за само една ноќ. Односно сите вежби се на границата на физичките и на психичките можности. Мораш да се вклопиш, да стасаш, да ја завршиш задачата и тоа на највисоко ниво“, вели Игор Гиоргаѕе, министер за безбедност на Грузија, 1993-1995, кој ја има минато споменатата обука.
Групата од време на време преку токи-воки добивала специјални информации. Да кажеме, дека во одредот се појавил ранет кого го глуми кукла тешка 70 килограми.
„Ако движењето не е организирано како што треба, стануваше исцрпувачки, а ако се појави ранет во заднината, тогаш тоа е големо оптоварување. Затоа што практично ја запира целата група во движење. По доаѓањето реферирањето 'другар полковник, стаса таа и таа група', започнуваше газењето на куклата и ослободувањето од стресот“, објаснува полковникот на советското КГБ, раководител на КУОС (1983-1993) Сергеј Голов.
Сергеј Голов во средината
specnaz.ruСе случувало особено досетливи информации како одговор на информацијата за ранетиот да рапортираат до штабот: „Не успеавме да го спасиме војникот. Го погребавме на лице место“. Кога таквите групи ја завршувале вежбата, раководителот земал документ и читал симулирана владина телеграма: „За храброст и јунаштво да се одликува загинатиот со звање Херој на СССР и да се погреба во татковината со воени почести“. Потоа групата можела само да се врати назад и да ја повтори рутата, но сега со куклата во раце.
Фотографија од личната архива на В.Г. Покутни
На учениците им било всадувано едно од главните правила на спецназ, а тоа е дека од задачата мораат да се вратат во истиот состав во кој заминале. Доколку имаат среќа – живи или ранети, ако не – мртви. Но, мораат да се вратат сите. Работата е во тоа дека работата на извидувачко-диверзантските групи треба да се одвива во тишина, без оставање траги. Идеално било ако резултатот на операцијата изгледа како случајност или како несреќен случај. Секој доказ, особено, погребан борец може да има само непредвидливи последици, од ликвидација на групата и откривање на операцијата до објавување војна.
На телевизиската станица „Звезда“ беше прикажана нова епизода од серијата „Тајни материјали“ која се занимава со единствената школа на советските диверзанти, нејзините педагози и методите на работа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче