„Роскосмос“ објави документи за тајна советска ракета

Роскосмос

„Роскосмос“ објави  декласифицирани советски документи во кои се зборува за таканаречени објекти „Е“ кои достигнуваат втора космичка брзина, се спуштаат на Месечината или летаат околу Земјиниот сателит.

Предлозите за создавање на првите автоматски лунарни станици беа прифатени на највисоко ниво и добија правна форма во вид на декретот на ЦК на КПСС и Советот на министри на СССР од 20 март под број 343-166. Документот го дефинираше развојот на првите вселенски апарати, именувани како „Е“ објекти (првите советски лунарни сонди), кои достигнуваат втора брзина, се спуштаат на Месечината (прва варијанта) и летаат околу Месечината (втора верзија), како и роковите за подготовка и реализација на првото лансирање (октомври 1958 година).

Како што се наведува, во мај 1958 година конструкторот Сергеј Корољов ги утврдил главните параметри на третиот степен на ракетата Р-7, наменета за објектите „Е“.

Беше предвиден развој на две варијанти на ракета-носач кои се разликуваа според моторот на третиот степен. Првата, „производ 8K72“, требало да биде опремена со мотор дизајниран од главниот конструктор С.А. Косберг, а втората, „производ 8K73“ со мотор 8Д711, се наведува во материјалот од кој се симнати ознаките за тајност. 

Наведените документи се објавени по повод 60-годишнината од лансирањето на ракетата-носач „Восток-Л“ од космодромот Бајконур.

Првиот човек на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин неодамна изјави дека Русија не треба да се натпреварува со Соединетите држави во освојувањето на Месечината, како што тоа беше за време на Студената војна.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ го покажа најсилниот мотор на светот (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња