Археолошки тим предводен од доктор на историски науки Наталија Петровна Матвеева за време на ископувањата во селото Старо Либаево, северно од Тјумењ, пронајде антички гробишта на Хуните, припадници на туркиските племиња. За време на работите се пронајдени посмртни остатоци од погребани луѓе со издолжени черепи кои според обликот потсетуваат на кула, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на универзитетот.
Според сознанијата до кои дојдоа истражувачите, според уверувањето од далечното минато дека лица со јајчести глави стануваат вистински водачи, Хуните им ги завиткувале главите на идните војници уште во рана младост. Како што наведуваат научниците од Тјуменскиот универзитет, собраниот материјал би можел да придонесе за пронаоѓање на одговорот зошто древните азиски номади Хуни прво се населиле во Сибир, а не во Европа.
Археолозите работеле на терен шест недели, при што во истражувањата учествувале 40 студенти, постдипломци и волонтери од Институтот за општествени и хуманитарни науки.
Древниот номадски народ Хуни ги населувал Монголија, Кина и Казахстан. Со продорот на Хуните во источна Европа преку Дунав, започнува таканаречената Голема преселба на народите и падот на Римската империја. Водачот на Хуните Атила ја проширил територијата на која живеело племето сè до Кавказ, создавајќи воена држава која се распаднала по неговата смрт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче