Британски историчар раскажа како Сталин со „генијален потег“ ja стекнал довербата на Черчил

Јалта, февруари 1945. Винстон Черчил, Френклин Рузвелт и Јосиф Сталин (од лево кон десно).

Јалта, февруари 1945. Винстон Черчил, Френклин Рузвелт и Јосиф Сталин (од лево кон десно).

Global Look Press
Професорот на Универзитетот во Кембриџ, историчарот Дејвид Рејнолдс во текот на предавањето одржани на Историскиот фестивал во Коачела Вели раскажа како Јосиф Сталин со еден потег го придобил Винстон Черчил.

Рејнолдс раскажа дека до несогласување меѓу Черчил и Сталин дошло во ноември 1941 година, пет месеци по нападот на Германија врз Русија. Советскиот лидер тогаш го повикал британскиот премиер да отвори втор фронт.

„Британија им испорачуваше тенкови и авиони, а Сталин уште имаше и дрскост да се жали како тие тенкови и авиони не се комплетни“, негодува британскиот историчар, а неговите зборови ги наведува „Тајмс“ (статијата е преведена на руски).

Черчил „ја изгуби контролата“ и се налутил на советскиот амбасадор во Лондон Иван Мајски, продолжи Рејнолдс. Според него, амбасадорот сфатил дека од Сталин се очекува помирувачки гест, така што испратил порака која, според мислењето на Рејнолдс, содржела „вообразено и неискрено извинување“. Напнатата атмосфера во односите на двете земји траела сѐ додека Сталин не го повлекол својот генијален потег, продолжи историчарот.

„Тој му испрати на Черчил телеграма во која му го честиташе роденденот. Сталин немаше обичај да испраќа телеграми кому било, а особено не на империјалист кој, како што се знае, се закануваше дека ќе го задуши болшевизмот во самиот зачеток. Тоа беше неверојатно лукав чекор. Сталин како да рече со тоа: „Немаме друго, на крајот на краиштата ќе се договориме“, раскажа Рејнолдс.

Черчил му се заблагодарил на Сталин, а подоцна му одговорил со телеграма-честитка, за што Сталин од своја страна повторно му се заблагодарил. Британскиот историчар истакнува дека таквата шема станала вообичаена за време на воените години и дека функционирала дури и по војната.

Рејнолдс нагласува дека Сталин „го збунуваше Черчил со своите двосмислени пораки“. Во март 1943 година му упатил на британскиот премиер „агресивна“ порака со барање да се отвори втор фронт и истиот ден му ги честитал успешните воздушни напади на Германија.

Професорот на Универзитетот во Кембриџ смета дека со тоа само се зацврстило убедувањето на Черчил дека постојат „два Сталина“, еден кој е „само по себе добродушен“, и друг кој бил на конференцијата во Јалта и „зад кој се криеше нешто мрачно, нешто за што обајцата моравме да водиме сметка“.

„Черчил никогаш не се сретнал со Хитлер и тоа е потполно правилно. А со Сталин се сретна и подлегна на влијанието на зборовите на Сталин“, заклучи британскиот историчар.

Прочитајте повеќе: Сталиновите методи: Како да се стане успешен диктатор?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња