Во Советскиот Сојуз луѓето не заминуваа на Малдивите или на Бали, но и тие умееја да уживаат. Во текот на врелите летни денови жителите на сите советски републики, како и денешните Руси, најрадо заминуваа на плажа.
Николај Никитин / TASS
Одморот на плажа можеше да биде „див” (во сопствена режија и поевтин) или организиран (во некоја бања или пансион, на база на аранжман од претпријатието или синдикатот). Со три оброци дневно и лекување. Како во бајка!
Јаков Берлинер / Sputnik
Најдобро беше да се „набави” аранжман за Балтичкото приморје. Одморалиштата во Јурмала (Летонија), Пјарну (Естонија) и Паланг (Литванија) се сметаа за најпрестижни дестинации, речиси како „странство”.
Александар Чепрунов / Sputnik
Исто така беше ценет одморот на Црно море. Се сметаше дека најдобрите летувалишта во СССР се Крим, Сочи и Абхазија.
Јаков Берлинер / Sputnik
Главното правило на советските граѓани на одмор беше: на плажа треба да се дојде рано наутро, инаку нема да најдете слободно место. Во Јалта, Алушта и Евпаторија (најпосетените летувалишта на Крим) плажите секогаш беа полни.
Етингер / Sputnik
Луѓето на плажа, освен сонце и море, очекуваа најразлични видови забава. Можеше да се одигра и партија уличен шаха, што во СССР беше омилена разонода.
Анатолиј Бочинин/MAMM/MDF/Russiainphoto.ru
Младите, сепак, најмногу сакаа некоја поактивна забава, како што е одбојка на песок или пионербол (вид одбојка за ученици).
На свежиот воздух луѓето добиваа неверојатен апетит, така што пред киосците брзо се формираа редици. Многумина, сепак, со носеа храна од дома и на плажа уживаа во пикник.
Валериј Христофоров / TASS
А ако не сте успеале да отпатувате некаде, и дома ве очекуваше одлична забава. Московјаните, на пример, и денес со задоволство одат на плажа на Истринското вештачко езеро.
Борис Приходко / Sputnik
Веќе во 60-те во Москва можевте дури и да скијате на вода!
Давид Шоломович / Sputnik
А во Ленинград (Санкт Петербург) жителите на градот и денес сакаат да одмараат покрај ѕидините на Петропавловската тврдина на Нева. Најстарата плажа во градот е позната и како омилено место на „моржовите”, луѓето кои се капат дури и зиме на снег и мраз.
Б.Манушин / Sputnik
Советските ученици летото го поминуваа или кај роднините на село или во пионерските кампови. Во советско доба најпрестижен камп беше „Артек” на Крим, отворен 1925 година (и ден-денес активен).
Лав Носов / Sputnik
Учениците немаа ни интернет ни телефони, но родителите без проблем ги оставаа на неколку недели под надзор на „пионерските предводници” (обично студенти на педагошките факултети) кои им ги исполнуваа деновите со различни активности.
В.Кожевников / TASS
На пример, дали знаете што е Денот на Нептун? Тоа е нешто како церемонија на посветување на морнарите, само у „детска“ верзија. Пионерите подготвуваа претстава, но во неа всушност можеа да учествуваат скоро сите: некој глумеше русалки и морски ѓаволи, некој правеше костими, а некој го пишуваше сценариото. Тоа беше заедничка активност преку која децата стекнуваа вистински пријатели, понекогаш и за цел живот.
Sputnik