Чернобил НЕ е Русија: Час по географија посветен на нуклеарната катастрофа

Куче-скитник пред новиот објект со кој е покриен реакторот бр. 4 во Чернобилската АЦ. 18 август 2017. Во зоната на отуѓување има околу 900 кучиња-скитници. Ветеринарите и стручњаците за радијација врз нив вршат истражувања. Кучињата носат ремени со предајници за регистрирање на нивото на радијација.

Куче-скитник пред новиот објект со кој е покриен реакторот бр. 4 во Чернобилската АЦ. 18 август 2017. Во зоната на отуѓување има околу 900 кучиња-скитници. Ветеринарите и стручњаците за радијација врз нив вршат истражувања. Кучињата носат ремени со предајници за регистрирање на нивото на радијација.

Getty Images
Триесет и три години по чернобилската катастрофа новата серија на американската телевизија Ејч-Би-Оу (HBO-Home Box Office) повторно го свртува вниманието на јавноста кон оваа трагедија. Изненадува фактот дека многумина сѐ уште мислат дека Чернобил се наоѓа во Русија.

1. Каде се случи тоа?

Деконтаминација на објекти на Чернобилската нуклеарна централа.

Чернобилската катастрофа се случи на 26. април 1986 година во реакторот на Чернобилската нуклеарна централа во близина на градот Припјат. Тоа место сега е во Украина, а 1986 година таа територија беше дел од Советскиот Сојуз. Чернобилската катастрофа се доведува во врска со Русија веројатно поради тоа што радиоактивното загадување по експлозијата зафати огромно територија и население во Русија, Украина, Белорусија и други советски републики.  

2. Кои подрачја се евакуирани?

Деконтаминација на автомобил кој ја напушта зоната на нуклеарната катастрофа.

Властите два-три дена ја држеа во тајност веста за трагедијата, стравувајќи од масовна паника на населението. За тоа време ширењето на радиоактивното зрачење поприми драматични размери. Евакуацијата на жителите на Припјат, градот кој е најблиску до нуклеарната централа, почна дури 36 часа по катастрофата. Луѓето го напуштаа градот пеш и во камиони, со децата и личните предмети – лесно облечени, затоа што времето беше топло, но тоа беше смртоносна околност. Сѐ уште не е познат дури ни приближниот број на луѓе кои настрадаа од преголема доза на радијација.

Наредните денови е евакуирано населението во радиус од 10 километри, а потоа зоната на евакуација е проширена на 30 километри.

Киев, Украинска република, СССР, 1. мај 1986.

Централните советски информативни агенции на 28. април најпосле соопштија дека се случила трагедија но не дадоа никакви јасни инструкции како граѓаните да ја избегнат контаминацијата и се заштита од радиоактивните врнежи. Први мај беше еден од најголемите празници во СССР. Тогаш е организирана првомајска демонстрација во која учествуваше дури и Владимир Шчербицки, раководителот на Комунистичката партија на Украина, и тоа со жената и децата. Тој уште тогаш знаеше колку е тоа опасно, но мораше да ја послуша наредбата од Москва.

3. Кои подрачја се контаминирани?

Мапа на контаминираните подрачја.

Експлозијата исфрли во атмосферата 50 тони радиоактивни честички. Радиоактивниот облак помина преку европскиот дел на СССР, а потоа преку Источна Европа, Скандинавија, Велика Британија и источните делови на САД. Најмногу контаминирани се подрачјата на Белорусија и Украина. Се ширеа гласови дека Советите со помош на авиони предизвикале врнежи над белоруска територија за да го спречат движењето на радиоактивниот облаг во правец на Москва, и поради тоа радиоактивните честички завршија во послабо населените подрачја на Белорусија пред облакот да стигне до централна Русија.

Радиоактивното загадување зафати зона од 200000 квадратни километри. Тоа подрачје е контаминирано со изотопи на ураниум и плутониум, јод-131, цезиум и стронциум-90. Сите тие елементи се радиоактивни и штетни по здравјето на човекот.

4. Какви беа долгорочните последици?

Волк во дивината на украински Чернобил, април 2012.

По катастрофата околу 5 милиони хектари земја се исклучени од списокот на земјоделски добра. До 2011 година отприлика третина од тоа земјиште е рекултивирано и сега се користи во земјоделието.

Зоната на отуѓување во радиус од 30 км не се менуваше по катастрофата. Нејзината површина изнесува околу 2600 квадратни километри. Епицентарот е градот Чернобил. Во зоната 5000 луѓе непрекинато работата на отстранување на последиците од катастрофата. Повеќето од нив живеат во соседниот град Славутич. Во зоната доброволно престојуваат 300 луѓе. Ова подрачје и понатаму е населено со различни видови животни, риби и птици.

Меѓутоа, контаминираната територија е многу поширока од зоната на отуѓување. Во текот на 1990-те многу села и градови опустеа поради нуклеарното загадување.

На 26. април 2016 година е основан Чернобилскиот резерват на радијација и еколошка биосфера со цел понатамошно минимизирање на последиците од катастрофата, зачувување и обновување на преостанатите природни добра. Официјалната површина на овој резерват изнесува околу 227 хектари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња