Тајната служба на Источна Германија позната под името Штази беше една од најефикасните не само во Источниот блок, ами и во светот. Со над 38.000 тајни агенти во Западна Европа и над 600.000 информатори во самата земја, можностите на Штази беа неограничени.
Досие во Штази имал речиси секој возрасен државјанин во Источна Германија, како и секој важен западен бизнисмен и политичар. Полиците на кои Штази ги има архивирано своите аудио и видеоматеријали беа долги над 150 километри.
Германската служба е основана во 1950 година со помош на МДБ (Министерството за државна безбедност) на СССР, претходник на КГБ. Првите седум години Штази работел под контрола на Советите, но дури и кога станал самостоен секое одделение на германската служба имало набљудувач од КГБ со отворен пристап до документацијата.
Во шеесеттите години од минатиот век односите помеѓу Штази и КГБ станаа повеќе од рамноправни, а Советите кои беа импресинирани од успехот на германските колеги му понудија на Штази да отвори свои бази во Москва и во Ленинград за да може полесно да ги контролира дипломатите и туристите од Источна Германија.
Германската тајна полиција Штази е укината во 1990 година.
Низа години авганистанската тајна служба важеше за најефикасна на истокот. Кхад е основан во 1980 година за време на советската интервенција во граѓанската војна во Авганистан.
Задачата да им помогне на Авганистанците да основаат своја тајна служба, да ги вооружи, да ги подготви и да ги обучи ѝ припадна на специјалната единица на КГБ „Каскад“. Кхад брзо се претвори во моќна тајна служба и веќе во 1980 година „авганистанското КГБ“ имаше податоци за секоја единица муџахедини, бројот на луѓето, оружјето и финансиите.
Кхад ефикасно организираше заседи, киднапираше водачи на терористи, ги напаѓаше нивните бази. Активностите на авганистанската тајна полиција ја премина дури и територијата на Пакистан и на Иран.
Тајната служба стана очи, уши и камшик на режимот. Знаејќи за суровото однесување со затворениците, муџахедините избираа смрт наместо да паднат во рацете на Кхад.
Кхад го преживеа советското повлекување од Авганистан, го промени називот повеќе пати и официјално престана да постои во 2004 година.
Секуритате беше озлогласена тајна полиција на Народната Република Романија. Основана е во 1948 година со советска помош. На новата организација ѝ недостасуваа професионалци, па Советите ги повикаа на служба поранешните членови на Сигуранте, кралската безбедносна полиција. Но, наскоро сите поранешни заштитници на монархијата беа уапсени и на нивно место дојдоа членови на комунистичката партија.
Секуритате ја имаше третата најголема (по КГБ и Штази) архива на досиеја на своите граѓани. До 1951 година бројноста на персоналот на Секуритате порасна за пет пати, заедно со ескалацијата на класните борби во Романија. Таа година Секуритате започна систематски да ги истребува противниците на режимот. Без организирани специјални затвори за „класни непријатели“; во кои луѓето беа испраќани, обично без налог, без судење и без истрага. Во овие затвори или беа принудувани да работат до смрт или беа изведувани пред стрелечки вод.
Романската тајна полиција се мешаше и во туѓите работи. Заедно со КГБ го поддржуваше Јасер Арафат и воспостави контакт со познатиот терорист од Венецуела Карлос Шакал.
Секуритате беше укинато во 1989 година по падот на диктаторот Чаушеску.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче