Една јунска ноќ во 1962 година младиот Пјотр Патрушев од Сибир влезе во водата на советскиот брег на Црно море за следната ноќ да исплива на турскиот брег. Не го запреа рефлекторите, патролните чамци, мините и опасните морски струи,.
Патрушев имаше голема среќа со оглед на тоа дека десетици луѓе пред него се обидоа да избегаат од Советскиот Сојуз на овој начин, и тоа им беше последното нешто што го имаат направено во животот.
Пјотр Патрушев, обично момче од сибирска забит, не ни можел да претпостави дека еден ден ќе стане државен непријател и дека Советскиот Сојуз во отсуство ќе го осуди на смрт.
Уште како момче Пјотр чувствувал дека неговите можности во Советскиот Сојуз се премногу ограничени: „Сакав да патувам, да учам странски јазици, да читам забранета литература, ме интересираше историјата, филозофијата, психологијата и медицината. Се занимавав со јога и со хипноза и се обидував да пишувам. Не ми одговараше атмосферата на безнадежност во која сите живеевме...“
На бегство не ни помислувал сè дури не заминал во војска. А, таму не сакал постарите војници да се изживуваат над него, па повлекол ризичен потез кој можел да го плати и со животот.
За да избегне сигурна смрт Патрушев симулирал психичка болест и стасал во болница, по што бил вратен во своето семејство. Така бил обележан како шизофреничар, што значи дека не го чекала многу светла иднина. Поради тоа решил да ја остави мајка си и останатите домашни и да избега во странство.
Пјотр Патрушев имал 20 години кога во 1962 година преминал 4.000 километри со воз од сибирскиот град Томск до Батуми во советска Грузија со цел да избега во Турција. Од Батуми до турската граница има само неколку десетина километри.
Било практично неизводливо да се премине границата пеш. Патрушев со години тренирал пливање и бил одличен пливач, па затоа решил да преплива 35 километри по Црното море и така да избега од СССР.
Тоа беше голема авантура во секој поглед. Многумина пред Патрушев се обидоа да го направат истото, но безуспешно. Едни се удавија, други ги однесе морската струја или наидоа на мина, а некои ги фатија советските граничари, а таквите понекогаш биле одземани и од Турците во турските територијални води.
Една топла јулска вечер Пјотр Патрушев во гаќи за капење и со перки за пливање влезе во водата и заплива кон отвореното море. Со себе немаше ништо освен една чоколада и советскиот пасош кој го беше завиткан во непропустлива кеса во задниот дел гаќите за капење.
Целата крајбрежна линија кон турската граница беше добро чувана и полна со рефлектори кои ја осветлуваа површината на водата. За да ги избегне, Патрушев отплива од брегот во отвореното море колку што можеше, а потоа почна да плива паралелно со брегот во насока на турските територијални води.
„Ме обзеде неодолива радост. Го сторив тоа! Избегав! Моите планови ја 'сечеа' водата, а моето тело со помош на перките за пливање лизгаше низ водата речиси без напор“, се сеќава тој. „Во свеста имав само еден збор: Турција... Турција... Турција...“
Пливал 4-6 часа и веќе не обрнувал внимание на славата светлина од рефлекторите во далечна. Одеднаш јак сноп светлина ја осветлила околината покрај него. „Јас инстинктивно нурнав, голтајќи вода, во страв од непознатата опасност“. Тоа беше советски патролен чамец. Патрушев имал среќа – останал незабележан.
Кога се разденило Пјотр запливал кон брегот. Пливањето на дневна светлина е рамно на самоубиство и затоа морал да мине еден ден на брегот, каде го чекале други опасности.
„Имав слушнато за мошне тенка жица која може да удави човек. Колку повеќе се обидувате да се ослободите од неа, таа сè посилно стега. Постојат, исто така, распнати врвки кои при најмал допир активираат сигнална ракета, и контакти кабли кои испраќаат сигнал на стражарското место. Постојат дури и лажни гранични знаци кои го бунат 'неискусниот бегалец', раскажуваше Патрушев.
За среќа, Пјотр не наишол на ниту една таква замка, ниту на патроли со кучиња. Наишол скривалиште меѓу ѕидини каде го поминал денот. Бил гладен како волк. Ја изел чоколадата и малку отспал.
Штом се стемнило Патрушев продолжил понатаму. Пливал сè дури последниот рефлектор на брегот не останал зад него. Дури тогаш решил да излезе на брегот.
Пјотр Патрушев успеа да избегне од Советскиот Сојуз и да дојде до Турција.
Турците се посомневале дека тој е агент на КГБ и го ставиле во затвор. Никој не верувал дека човек може да преплива десетина километри во целосна темнина и да мине покрај советските граничари.
7 септември 2007 година. Премиерот на Австралија Џон Винстон Хауард (лево) и претседателот на Русија Владимир Путин (десно) разговараат во канцеларијата на Националниот федерален парламент во Сиднеј.
Дмитриј АстаховПатрушев помина во турски затвор година дена, а 1964. година доби дозвола за постојан престој во Австралија каде потоа живееше и работеше какоо новинар, преведувач и писател.
Патрушев не можеше да ја посети својата татковина зашто таму беше осуден на смрт како предавник на државата.
Оваа пресуда беше анулирана дури во 1990 година и тој тогаш се врати во земјата да ги посети мајка си и сестра си. Потоа редовно ја посетуваше Русија до својата смрт во 2016 година.
Како иронија на случајноста, поранешниот советски државен непријател дури и работеше како преведувач на средбите на австралискиот премиер со Михаил Горбачов, а потоа и со Владимир Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче