Сам во океанот: Најспектакуларното бегство од СССР

Станислав Курилов

Станислав Курилов

Пливал два дена и три ноќи во морето со ајкули, без сон, храна и вода... На дрскиот бегалец само ѕвездите му го покажувале патот кон новиот живот.

Станислав Курилов уште како млад се занимавал сериозно со јога. Велел дека за него се успешни оние денови кога на јогата би ѝ посветил 12 часа, помалку успешни – 6, а пропаднати – 2 часа. Еднаш издржал без храна 36 дена. Бил океанограф, нуркач, одличен пливач и уште како мал мечтаел да го обиколи светот.

„Договоривме заеднички истражувања во Средоземното море со Жак Кусто, но проектот пропадна. Не ни дозволија да излеземе од земјата. Пропадна и експедицијата на тихоокеанските острови. Нуркачкиот дел го подготвував цела година. Но, повторно не ми дадоа виза, напишаа дека тоа патување не е пожелно“, пишува Курилов во своите дневници.

Крузерот „Советски Сојуз“

Бегството од СССР

Со оглед на тоа дека не можел да ја оствари својата голема желба да го истражува светот, Курилов решил едноставно да избега од земјата.

За крстарењето „Од зима во лето“ дознал случајно од оглас во ленинградските весници. Тоа било во декември 1974 година. Крстосувачот „Советски Сојуз“ се подготвувал да тргне на дваесетдневен пат од Владивосток до екваторот и назад, без да запира во странските пристаништа. Затоа контролата на патниците не била многу строга.

Луѓето на крстосувачот уживале во сонцето, пливале во базени. „Од секоја кабина се слушаше смеење и музика... Туристите го користеа секој скапоцен ден од одморот“, пишува Курилов во својот дневник. Тој повеќе време поминувал гледајќи во океанот, набљудувајќи ги ѕвездите и проучувајќи го бродот... Сфатил дека може да скокне само од задниот дел на главната палуба со ризик да го закачи елисата. Освен тоа, ја знаел само приближната рута – крстосувачот пловел кон југ покрај Тајван и Филипини.

Ноќта на 13 декември додека останатите туристи танцувале, 38-годишниот Станислав ја зел торбата со пераи, маска и цевка за дишење, ја покрил со пешкир и излегол на палубата... „Го замолив Бога за помош и зачекорив во непознатото“, пишува тој подоцна. „Излегов на површината и се исплашив. Покрај мене беше огромниот труп на крстосувачот и неговата џиновска елиса!“

Крузерот „Советски Сојуз“

Помеѓу животот и смртта

Првата ноќ се ориентирал според светла од бродот кој се оддалечувал. Потоа, лут на себе што не зел компас, чекал да се појават ѕвездите на небото, за во текот на денот да се оддалечува од курсот.

„Молњи и огромни бранови, растечка паника, ајкули и отровни медузи чиј допир би можел да ме парализира“, се сеќава Курилов.

Следниот дек видел брег, но силната струја го однела далеку од островот и се чинело дека му нема спас, зашто силите му биле при крај. „Океанот дишеше небаре е жив. Доволно беше само да ја спуштам главата во вода и да видам фантастични флуоресцентни глетки...“

Да, почувствувал и други нешта: „Лицето, вратот и градите му изгореа од сонцето. Печеше. Имав треска и сиот бев поспан. Неколку пати подолго време губев свест...“

Третата ноќ и спасувањето

Дури третата ноќ од скокот, кога речиси бил во бесознание, истата таа струја која претходно го оддалечила од копното, сега го довела до брегот на филипинскиот остров Сиарго.

Веста за неговото бегство го обиколила сиот свет. По истрагата и краткиот престој во локалниот затвор, Курилов заминал во Канада.

Животот по бегството

Некои го сметаат за херој, додека други во него гледаат како на егоист кој своите блиски ги оставил на цедило. „Настрада помладиот брат на Станислав – Валентин. Живееше во Ленинград, работеше како навигатор за долги пловидби и имаше пристап кон западните брегови“, вели жената на Курилов Елена. Слава во отсуство беше осуден на десет години затвор поради предавство, а Валентин добил отказ без објаснување. Жената го оставила, а тој се пропил...

Станислав Курилов

Станислав набргу добил работа во океанографска компанија во Канада, Америка, на Хаваи и на Арктикот. Во пролетта 1986 година дошол во Израел, каде добил работа на универзитетот во Хаифа, се оженил. Во 1998 година за време на една нуркачка мисија се заплеткал во рибарска мрежа. Предоцна го извлекле.

Сите негови дневници кои ги водел во последните денови на животот, сопругата Елена ги има објавено во книгата „Сам во океанот“.

Прочитајте повеќе: Гудбај, Ленин: најлудите бегства од СССР

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња