Проектот „Војсководците на Победата: Моменти на мир во животот“ е реализиран во соработка со Фондот на сеќавањето на војсководците на Победата и е посветен на секојдневието на командантите на вооружените сили на СССР во Големата Татковинска војна.

Министерство за одбрана на РФ
На сајтот на министерството се поставени фотографии од семејните албуми на војсководците кои претходно не се објавувани, а се направени во мирнодопски услови.

Министерство за одбрана на РФ
На пример, во рубриката постојат фотографии од маршалите на Советскиот Сојуз Георгиј Жуков на одмор во Сочи и Константин Рокосовски во лов, како и од главниот маршал на тенковските трупи Амазасп Бабаџањан како танцува со сопругата и Семјон Буѓони со малиот син во војничка униформа.
Министерство за одбрана на РФ
По прославата на 74-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна експозицијата на фотоизложбата ќе можат да ја видат воените лица, жителите и гостите на Владивосток, Екатеринбург, Ростов на Дон, Санкт Петербург, Североморск и Хабаровск.
Министерство за одбрана на РФ
Минатата недела Министерството за одбрана на РФ објави уникатни документи за борбите за Крим во Големата Татковинска војна кои претходно беа под печатот на државна тајна.