Летниот дворец на Петар Први, Санкт Петербург
Flying Russian
Година на изградба: 1710-1714
Дом на: Петар Први
Државен музеј Ермитаж
Пред да никне Санкт Петербург од мочуриштето, на брегот на реката Нева имало само една царска куќарка. Петар Велики немал ништо против животот во скромни услови, па дури и кога се отселил од таа куќарка, не отишол понатаму од овој двокатен летен „дворец“.
Дворецот на Екатерина, Царское село
Wikiolo
Година на изградба: 1717-17124, обновен 1752-1756
Дом на: Екатерина Прва, Елисавета Прва, Екатерина Втора
Pierre Andre Leclercq
Дворецот во Пушкино (претходно Царское село, 30 километри јужно од Санкт Петербург) го има добиено денешниот изглед во времето на Елисавета Петровна и е пример за најголем луксуз. Има златна сала, ходник од 100 метри квадратни со царски портрети, одаја покриена со кинеска свила, огромна капела, златни статуи.
Зимски дворец, Санкт Петербург
Алексеј Даничев / Sputnik
Година на изградба: 1757-1762
Дом на: Официјално сите руски цареви
В.Барановски / Sputnik
Зимскиот дворец, сега главната зграда на музејот Ермитаж, е изграден во 18 век како резиденција на руските императори од Италијанецот Франческо Бартоломео Растрели.
Големиот царицински дворец, Москва
Legion Media
Година на изградба: 1786-1796
Дом на: Екатерина Втора
Legion Media
Првиот дворец во околината на Москва за Екатерина Велика е граден 9 години, урнат е во 1785 зашто на Екатерина ѝ се чинело дека собите се премногу мрачни. Изградбата на новиот дворец ја запрел нејзиниот син Павел и завршена е дури во 2007 година.
Резиденцијата на Екатерина во Москва сега се наоѓа во самиот центар на прекрасниот парк Царицино на југот од Москва.
Александров дворец, Царское село
Година на изградба: 1792-1796
Дом на: Александар Први, Николај Први, Александар Трети, Николај Втори
Се наоѓа во Царское село покрај дворецот на Екатерина и служел како летна куќа на Романови во 19 век и како постојана резиденција на Николај Втори.
Михајловски замок, Санкт Петербург
Andrew Shiva
Година на изградба: 1797-1801
Дом на: Павел Први
Синот на Екатерина Втора – Павел, ја планирал оваа прекрасна градба цели 15 години пред да го преземе тронот. Царот се преселил во дворецот кој конечно бил завршен во 1801 година и по 40 дена живот во него бил убиен.
Ливадиски дворец, Крим
Legion Media
Година на изградба: 1861 (обновен 1909-1911)
Дом на: Александар Втори, Александар Трети, Николај Втори
Legion Media
Ливадија е населба на јужниот дел од Крим, недалеку од Јалта, и уште во средината на 19 век станала популарно одморалиште, благодарение на развојот на железницата и на климата за која лекарите сметале дека е лековита. Имотот во Ливадија во 1861 година го купил Александар Втори и таму за својата сопруга го изградил Големиот дворец. Наскоро недалеку од него се појавил дворецот за наследникот, каде Александар Трети често престојувал и каде умрел.
Сенатскиот дворец во Кремљ, Москва
Legion Media
Година на изградба: 1776-1787
Дом на: Владимир Ленин
Валентин Черединцев / TASS
Кабинетот и станот на Ленин се наоѓале на третиот кат на Сенатскиот дворец. Во него тој ги минал годините на Граѓанската војна. Овие простории до 1994 година го задржале изгледот што го имале од времето на водачот на револуцијата.
Имотот Горки, Москва
Legion Media
Година на изградба: почеток на 19 век
Дом на: Владимир Ленин
Во овој дом од 19 век болшевичкиот лидер се преселил кога последен пат се разболел во мај 1923 година.
Legion Media
Домот во Кунцево, Москва
Sputnik
Година на изградба: 1933-1934
Дом на: Јосиф Сталин
Sputnik
Во желбата да побегне подалеку од Москва, Сталин во 1933 година наредил да му се изгради куќа со седум соби на западот од градот. Таму ги минал последните две децении од животот, ги примил во него Мао Ѕедунг и Винстон Черчил.
Куќата на улица Косигина бр.32, Москва
Google maps
Година на изградба: 1955
Дом на: Никита Хрушчов
Домот на Хрушчов со поглед на Ленинските гори (денес Воробјови гори) е целиот во мермер и во скапо дрво, а портата е од челик.
Зградата на Кутузовска авенија број 26, Москва
Година на изградба: Втората половина на педесеттите години од минатиот век
Дом на: Леонид Брежњев, Јуриј Андропов
Дмитриј Коробејников / Sputnik
Станот на Брежњев од 54 метри квадратни се наоѓал веднаш под станот на шефот на КГБ и иден генерален секретар на ЦК КПСС Јуриј Андропов. Станот во 2003 година беше продаден за 620.000 американски долари (двапати повеќе од пазарната вредност).
Викендичката во Завидово, Тверска област
Василиј Егоров / TASS
Година на изградба: Почетокот на шеесеттите години од минатиот век
Дом на: Леонид Брежњев
Омилената викендичка на Брежњев се наоѓа во националниот парк Завидово, 130 километри северно од Москва. Од оваа куќа Брежњев одел на лов на дивеч, а имал и мермерни подови, кино, соба за билјард и 12 луксузни спални соби.
Зградата на Гранитниот сокак бр. 10, Москва
Година на изградба: 1978
Дом на: Леонид Брежњев, Михаил Горбачов
Удобните станови во оваа зграда ги користел најпрво Леонид Брежњев, а потоа и Горбачов во периодот од 1984 до 1985 година.
Зградата на улица Косигина бр. 10, Москва
Google maps
Година на изградба: 1986
Дом на: Михаил Горбачов
Оваа зграда подоцна ја купи познатиот руски композитор Игор Крутој за 15 милиони американски долари.
Викендичката Зарја, Форос, Крим
Алексеј Павлишак / TASS
Година на изградба: 1986-1988
Дом на: Михаил Горбачов
Алексеј Павлишак / TASS
Изградбата на трикатната викендичка на брегот на Црно море чинела околу 20 милиони американски долари. Горбачов ја користел како затворена плажа, солариум на покривот, киносала, дискотека и тениски терени и одел по мермерен под.