Порталот „Винтиџ Њуз“ објави текст за едно такво пловило, рускиот брод „Љубов Орлова“.
Направен во сега веќе дамнешната 1976 година во Југославија на бродоградилиштето Краљевица (каде на почетокот на 20 век работел Јосип Броз Тито – заб. на уред.), а потоа испорачан на Советскиот Сојуз. Името го добива во чест на познатата советска актерка.
Бродот е реновиран 1999 и оттогаш се користеше за крстосувања и експедиции на Антарктикот. Подоцна сопствениците западнаа во долгови и „Оролова“ ја запленија канадските власти во Њуфаундленд. Како што пишува „Индепендент“, требало да биде продаден како старо железо во Доминиканската Република за 800000 евра.
„Љубов Орлова“ на Антарктикот
Lilpop, Rau & Loewenstein - CC BY-SA 3.0Во јануари 2013 година, додека бродот пловеше кон конечната дестинација од канадското пристаниште Сент Џонс, почна бура во која пукна челичното јаже за шлепување, па така брановите го однесоа бродот. Обидите „Орлова“ повторно да се закачи за реморкер не вродија со плод, така што од 24 јануари 2013 година бродот плута по океанот.
Канадската државна агенција „Транспорт Канада“ изрази задоволство од фактот што бродот повеќе не претставува опасност за нафтените платформи на море, како ни за луѓето или природната средина во канадските води, така што властите не се ни обидуваа да го лоцираат „Орлова“.
Меѓутоа, одделни експерти сепак проценија дека постои опасност, затоа што може да дојде до случајно испуштање на токсична течност или отпаѓање на делови кои не можат да изгнијат, што сериозно може да ја загрози природната средина.
„Љубов Орлова“ со чамци за спасување. Бродот имаше дизел мотор со два цилиндри чиј ремонт го изврши руската посада.
Lilpop, Rau & Loewenstein - CC BY-SA 3.0Ирските медиуми на 1 март 2013 година соопштија дека се фатени сигнали од радио-бова, што се случува само кога ќе потоне брод, но потрагата по бродот не вроди со плод.
Шефот на ирската крајбрежна стража Крис Рејнолдс предупреди дека на бродот може да се наоѓаат стотици стаорци. По тој повод жолтиот печат крена прав со приказните дека брод преполн со сторци-канибали може да се насука на бреговите на Ирска.
Ниту денес не се знае што се случи со „Орлова“. Веројатно е дека веќе потонал некаде во Атлантскиот океан. Додуша, со оглед на тоа што бродот порано беше добро опремен, сепак постојат извесни шанси дека сѐ уште плута во водите на океанот.
Синиот советски брод украсен со црвена петокрака
Lilpop, Rau & Loewenstein - CC BY-SA 3.0При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче