Изложени се фотографии, разгледници, плакати, списанија од приватните збирки на Подстаницки, Снопков, Чапкина, Нагапетјанц и на други колекционери. Извор: Росијскаја газета.
Фотографиите ни помагаат себеси да си ја претставиме реалноста на почетокот на војната. Тука гледаме како императорот Николај Втори го објавува влегувањето на Русија во војната. Пред зимскиот дворец во Санкт Петербург се собрала толпа, атмосферата е напната. Луѓето сè уште не се сосема свесни каква иднина ги чека. Најмногу има портрети. Некои лица ги препознаваме, како што се императорот, великиот кнез Николај Николаевич, генералот Алексеј Брусилов... Но, поголемиот дел од нив се обични луѓе. Ѕидовите на изложбениот простор се покриени со аматерски фотографии. Ги има стотици, тоа се лица на едноставни луѓе, војници, офицери, безимени јунаци од полузаборавената војна.
Првата светска војна е слабо проучена во споредба со настаните што следувале во руската историја, како што се Октомвриската револуција, Руската граѓанска војна и Втората светска војна. Многу моменти од Првата светска војна станаа вистински митови, но бројни детали повеќе не можат да бидат реконструирани. „Успеав да ги утврдам имињата на околу пет отсто од луѓето што се појавуваат на фотографиите“, објаснува кустосот на изложбата Андреј Строганов. „Можеме барем да им погледнеме в очи, на тие луѓе кои едноставно чекореле кон смртта“.
Извор: Росијскаја газета
„Баталјон на смртта“
Во Санкт Петербург штотуку заврши снимањето на филмот „Баталјон на смртта“ кој зборува за женскиот доброволен одред од Првата светска војна. Филмот е во режија на еден од најдобрите руски режисери Дмитриј Месхиев, а продуцент е Игор Угољников, кој го продуцираше и филмот „Брестската тврдина“ за продорот на нацистите на територијата на СССР. Угољников вели дека токму на снимањето на овој филм за Втората светска војна ја добил идејата за снимање на филм за неоправдано заборавената Прва светска војна.
Почетокот на војната е време на јакнење на националната свест. Луѓето му помагале на фронтот колку што можеле. На изложбата е собран голем број плакати кои апелираат до луѓето да даваат парични заеми во корист на војската на фронтот. Првите заеми се појавиле во 1915 година. Државните обврзници обично биле продавани со камата од 5% годишно. До 1916 година рускиот финансиски систем бил исцрпен и продажбата на обврзници станала масовна. Парите требало да бидат вратени по војната. Но, тоа не се случило. По револуцијата од 1917 година болшевиците одбиле да ги плаќаат царските долгови.
Изложени се фотографии, разгледници, плакати, списанија од приватните збирки на Подстаницки, Снопков, Чапкина, Нагапетјанц и на други колекционери. Во списанијата од тој период биле исмевани воените профитери. „Војните секогаш почнуваат поради нечии економски интереси и така било отсекогаш“, смета Строганов и додава: „Но, подвигот на обичните луѓе ништо не може да го избрише. Оние што заминале во војна како доброволци, што извршиле јуначи дела, што останале инвалиди – сите тие се херои“.
Според Строганов, Министерството за култура на РФ ќе продолжи да организира серија историски изложби за херојските моменти од руската историја. Веќе овој месец е планирана изложба за Големата татковинска војна и најавено е дека во музејот ќе пристигнат вистински оклопни возила.
Изложбата трае до 25 мај. Адреса: Делегатскаја улица бр. 3
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче