Руски војник влече за уши како мали деца германски и австриски војник.
Руските војници секогаш изгледаат како просјаци во партали со лица на пијаници.
„Сакам да бидам Наполеон!” – вели германскиот цар Вилхелм II. „ Ние ќе ти помогнеме” – одговараат Русите.
Мобилизација на руски начин: алкохол место војници.
Руската бела мечка ги присилува Вилхелм II и Франц Јозеф да избегаат на дрво.
„Сакана Татковино, биди спокојна” е стих од германската патриотска химна „Стража на Рајна”.
Германскиот цар стравува од напад на донските козаци.
„Секој истрел - еден Русин”.
„Русија ја брани вистината”.
Германски и австриски војник се борат против осумглавиот змеј.
Богатир, легендарниот воин од словенскиот фолклор, му ги отсекува главите на триглавиот змеј. Австриска глава падна, германската и османлиската следуваат.
„За нашата зоолошка“: Руската мечка ја фатија Централните сили за својата колекција на животни. Меѓу нозете на мечката може да се види Србија, понижениот сојузник на Русија, како ползи.
„На работ на бездната“: вовлекувајќи го Османлиското царство во војна против Русија, Германија и Австрија фактички го турнаа во пропаст.
Секој ќе си добие што си заслужува: Белгија е веќе поразена, сега Русија е на ред.
Водачите на Германија и Австрија, овие мали џуџиња, ќе бидат избркани како здодевни муви.