На дното на Јапонското море пронајден руски крстосувач потопен пред повеќе од 100 години

Крстосувачот „Дмитриј Донској“

Крстосувачот „Дмитриј Донској“

commons.wikimedia.org

Крстосувачот „Дмитриј Донској“ учествува во Руско-јапонската војна 1904-1905 година. 

Бродот на руската царска флота на дното на Јапонското море го пронајдоа стручњаците на јужнокорејската компанија Shinil Group по неколку години потрага. Се наоѓа на дното на Јапонското море покрај островот Улиндо.

„Го најдовме на длабочина од 434 метри, 1,3 км од островот Улиндо“, велат претставниците на компанијата и додаваат дека на бродот и сега може да се прочита „Дмитриј Донској“.

Shinil Group исто така планира во иднина да го подигне крстосувачот од дното на морето.

„Дмитриј Донској“ е спуштен во вода 1883 година и учествува во Руско-јапонската војна, се бори до крај во битката кај Цушима. По поразот, свртува кон север, но јапонските бродови го стигнуваат. Екипажот на крстосувачот решава да не се предаде на Јапонците и да го потопи бродот. Тоа се случува на 29 мај 1905 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња