Лориц Туксен „Венчавката на царот Николај Втори и принцезата Александра Фјодоровна“, 1894.
ЕрмитажСекако, најпознатата царска венчавка во Русија била онаа на Николај Втори и германската принцеза Александра. Венчавката е одржана во петербуршкиот Зимски дворец каде тие живееле во тоа време. Туксен го има насликано и крунисувањето на Николај Втори и Александра, трагичен настан во кој во стампедо во текот на свеченоста загинале илјадници луѓе.
Оваа венчавка не можел да ја игнорира ниту Иљја Репин, мајсторот на историското сликарство. „Венчавката на Николај Втори и принцезата Александра Фјодоровна“ 1894.
Ова е венчалниот фустан на Александра од збирката на Државниот музеј Ермитаж (дел од Зимскиот дворец кој се наоѓа меѓу зградите на царската резиденција).
Да фрлиме поглед на останатите царски венчавки. Само неколку месеци откако царот Николај Втори се оженил со Аликс, великиот кнез Александар Михајлович склопил брак со сестрата на Николај Ксенија Александровна во Петерхоф. Ова е слика која ја потпишува унгарскиот уметник Михаљ Зичи, а датирана е на 25 јули 1894 година.
Михаљ Зичи „Венчавката на великиот кнез Пјотр Николаевич и црногорската принцеза Милица во Петерхоф“, 1889. Патем речено, Милица била блиска пријателка на Александра, сопругата на Николај Втори, и токму таа ја запознала царицата со Григориј Распутин.
Николас Шевалије „Венчавката на Алфред од Единбург и великата кнегиња Марија Александровна“, 1874. Двојката се венчала според православен и според англикански обред (на сликата е прикажан православниот).
Михаљ Зичи. „Венчање на великиот кнез Александар Александрович, идниот цар Александар Трети и Марија Фјодоровна“, 1867.
Григориј Качалов. „Свадбен огномет на Петар Трети и Екатерина Велика“, 1745. Иако станува збор за гравура, во целост се доловени сјајот и величината на прославата.
Ова е венчалниот фустан на Екатерина Велика, кој денес се чува во Оружејната палата на московскиот Кремљ. Погледнете само за какав струк станува збор!
Еве уште една слика на Пјотр Трети и Екатерина Велика кој е потпишан од Џорџ Кристоф Грут на годината на нивната венчавка.
Втората венчавка на Петар Велики со идната царица Екатерина Прва. Дело на Алексеј Зубов, 1712 година. Импресивна прослава, зарем не?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче