Н. Махо, „Изогиз“, 1957
По долгата, остра зима, сонцето обично станува редовна појава во мај, а во текот на советската ера Денот на трудот на 1 мај беше една од најочекуваните прослави во годината.
Б. Перепеч, „Изогиз“, 1960
Луѓето чекаа нетрпеливо за неколкуте празнични денови кога конечно можат да се облечат во лесна пролетна облека и да ги посетат своите дачи за да се сончаат или да прават скара.
Е. Гундобин, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1960
„Се сеќавам дека секој 1 мај одевме на дачата и ги поминувавме празниците подготвувајќи ја куќата за летната сезона – ги проветрувавме собите по зимата, чистевме сѐ, вклучувајќи ги килимите и постелнината на креветите“, се сеќава Андреј од Москва.
Е. Гундобин, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1954
Денот на трудот исто така се сметаше за еден вид замена за Велигден, празникот кој сите Руси го сакаа но не можеа да го слават јавно поради државната неправославна идеологија.
Уметничка група ЛЕСЕРГИ: Б. Лебедев, Л. Сергеев, М. Гринберг, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1966
Многумина кои пораснаа во СССР признаваат дека прославите на 1 мај се едни од најсветлите спомени на нивното детство.
Н. Павлов, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1958
„Совршено се сеќавам како родителите ме носеа на собирите – беше многу забавно со сите оние луѓе кои маршираа пеејќи... Ништо заедничко со обичните политички митинзи“, изјави Олга од Москва за Russia Beyond.
Г. Бодрова, М. Сапожников, „Изогиз“, 1962
Москва во мај, песна што советскиот народ ја обожаваше, беше химната на прославите и неофицијална химна на Москва. Почнува со зборовите „Утрото ги бои со нежно светло ѕидовите на стариот Крим. Целата советска земја се буди со зората“. Слушнете ја песната и погледнете ги архивските снимки од мајската прослава на Црвениот плоштад овде.
Н. Голц, „Изогиз“
Според првиот советски лидер Владимит Ленин, „На 1 мај тие (работниците во светот) го слават нивното будење во светлината и знаењето, нивното здружување во еден братски сојуз за борба против сето угнетување, против сета тиранија, против сета експлоатација, за социјалистички систем на друштво“.
А. Горпенко, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1962
„Изненадувачки, Нова Година не беше главната прослава за нас, тоа беше 1 мај... И најважното нешто во нашиот живот пред војната беше да се најдеш колку што е можно поблиску до Црвениот плоштад“, советскиот режисер Ролан Биков се сеќава во книгата „Москва: Место за средба“.
А. Шмидштејн, „Изогиз“, 1962 год
„Еднаш, кога имав осум години, успеав да се качам на покривот на ГУМ. Но беше премногу рано и полицијата ни нареди да си одиме така не ја видовме парадата“, пишува Ролан Биков.
Н. Филчагина, Министерство за комуникации (СССР) публикации, 1964
„Мир. Труд. Мај“ беше еден од најпопуларните слогани на празникот.
Јавен домен
На 1 мај никој не работеше, но пред празникот луѓето ги подготвуваа градовите за прославата и ангажираа „суботники“, доброволци за чистење во градовите, кои ги собираа паднатите лисја и ѓубрето.
А. Антонченко, „Изогиз“, 1961
Едно од најпопуларните нешта покрај парадите беше таканаречената маевка, односно пикник во шума, каде луѓето уживаа во пријатното време.
Е. Rapoport, "Soviet artist," 1965