Eшурин / Sputnik
Во педесеттите години СССР заедно со другите држави почна активно да го истражува Антарктикот. Советските научници го презедоа источниот дел на континентот и 1956 година се појави станицата „Мирни“. За само две години никнаа пет советски поларни станици.
Ј. Кочетков / Sputnik
Транспортот беше голем проблем за советските стручњаци, затоа што обичните трактори и камиони на овие ледени услови не функционираа. Беа потребни теренски возила кои се во состојба да дојдат до Јужниот пол, што не беше лесна задача, бидејќи станицата „Мирни“ беше оддалечена 2700 км.
Александар Кочетков / TASS
Беше потребно возило кое ќе издржи температура од минус 70 степени Целзиусови, кое е прејде големи растојанија на снегот и мразот и ќе биде привремен дом и лабораторија за научниците. Така настана теренецот „харковчанка“.
AP
„Харковчанка“ е советскиот одговор на американскиот „антарктички снежен крстосувач“ кој се појави во 30-те години. Американското возило беше вистински дом на тркала. Се сметаше дека крстосувачот со години ќе го крстосува Антарктикот, но помина само 148 км и запре. Екипажот мораше засекогаш да го напушти.
Михаил Озерски / Sputnik
Новото советско возило беше направено врз база на тешкиот артилериски трактор АТ-Т кој од своја страна потекнува од тенкот Т-54. „Харковчанка“ можеше да влече 70 тони товар. Во должина имаше 8,5 метри, во ширина 3,5, во височина 4 метри. Се движеше со брзина од 5 до 11 км на час.
А. Капица / TASS
Салонот на возилото имаше површина од 28 метри квадратни и сѐ што е потребно за долги патувања: секција за возачот и навигаторот, лабораторија, мала кујна, соба за спиење за петмина, тоалет, менза.
Евгениј Толстиков / TASS
Пет вакви возила беа доставени на Антарктикот пред крајот на 1958 година. Следната година советските поларни истражувачи се упатија кон Јужниот пол. На 27 септември сите „харковчанки“ ја напуштија станицата „Мирни“ и тргнаа на запад. Конвојот помина преку станиците „Комсомолскаја“ и „Восток“.
Г. Копосов / Sputnik
2700 км пат, а особено последните 1253 км од станицата „Восток“ до Јужниот пол, беа поминати многу тешко: снежните бури, непознатата територија и опасните скриени пукнатини во мразот можеа да бидат фатални. Во своите мемоари учесниците во оваа експедиција Николај Грушински и Александар Дралкин пишуваат: „Бескраен снежен океан пред нас, а зад нас две длабоки трага кои ги оставија нашите возила. Поминавме каде што ниеден човек не стапнал. Мислевме на тоа дека тие траги нѐ поврзуваат со пријателите кои останаа во станицата „Мирни“. Напредувајќи кон полот, не чувствувавме дека сме осамени. Бевме на постојана радиоврска со станиците „Мирни“ и „Восток“ и секогаш знаевме што се случува на копното“.
Г. Копосов / Sputnik
На 26 декември советската експедиција стигна на Јужниот пол каде што ја дочека американскиот тим од блиската станица „Амундсен-Скот“. Целото патување траеше 89 дена и по три дена одмор во американската база, советските научници тргнаа назад.
В. Чистјаков / Sputnik
Речиси 20 години „хабаровчанките“ беа главното советско превозно средство на Антарктикот и ги поврзуваа шесте станици на континентот. Во 1975 година беше дизајнирана понапредната „хабаровчанка-2“. Овие возила и денес се главното превозно средство за членовите на руската поларна експедиција. Во осумдесеттите години се појавија планови за „хабаровчанка-3“, но никогаш не беа реализирани поради распадот на СССР.