Зимската војна, март 1940.
Н.Смирнов/TASSСоветската војска во зимската војна.
Getty ImagesЗимската војна беше прв конфликт во кој масовно се користени автоматски пушки и во која тие станаа популарни. Финските одреди на скии ја напаѓаа ненадејно од шума советската војска со пушките SuomiKP/-31 и моментално исчезнуваа.
Загрижено поради ваквата ефикасност на Финците, советското раководство почна активно да ги вооружува своите единици со автомати ППД-40 со магацин од 71 куршум. Се измени односот кон автоматите. Пред војната автоматот Дегтјарјов не беше високо ценет и се сметаше за помошно оружје на полицијата.
Познатата импровизирана запаллива бомба Молотов коктел Финците ефикасно ја користеа против тенковите и ја претворија во важно оружје на сите понатамошни конфликти и протести.
Како коктелот стана Молотов? Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов тврдеше дека советските воздушни сили не го бомбардирале Хелсинки, ами дека им испорачале храна на гладните Финци. Финците поради тоа советската бомба РРАБ03 на нарекоа „Молотова кошница за леб“ зашто содржеше 60 помали запалливи бомби. Така финската армија и шишињата со запаллива течност ја нарекоа „Молотов коктел“.
Според една друга верзија, на почетокот запалливата течност се викала „Коктел за Молотов“, зашто советскиот министер првиот ден од војната рече дека следниот ден ќе допатува во Хелсинки на ручек.
Симо Хејхе
Иако снајперистите беа мошне активни во Првата светска и во Шпанската граѓанска војна, Зимската војна стана вистинско поле за славење за нив. Финските снајперисти приредуваа вистински пекол за советските единици. Прво од заседа ги елиминираа офицерите, возачите и лицата за врска и така ги запираа колоните и војската стануваше лесен плен за нив. Особено опасни беа таканаречените „кукавици“, снајперисти скриени во разгранети крошни од дрво.
Најпознатиот фински снајперист Симо Хејхе има усмртено 259 советски војници. Ова е само официјално потврден број на жртви, а неофицијалниот изнесува 505.
Британскиот лесен бомбардер Bristol Blenheim слета на 25 февруари 1940 година во Финска
Сè до нападот на Германија врз Советскиот Сојуз Велика Британија и Франција сметаа дека Сталин е сојузник на Хитлер и дека војната против Советите е неизбежна. За време на Зимската војна Британците и Французите ги вооружуваа Финците и им испраќаа доброволци.
Кога Советската армија го скрши отпорот на финската војска во февруари 1940 година, сојузниците се подготвија за војна. На 5 февруари 1940 година Британците и Французите решија да испратат 50 бомбардери. Но, мировниот договор со Москва беше потпишан на 12 март, па овие планови остана нереализирани.
Победата над Финска не беше толку лесна како што сите во Европа и во СССР очекуваа. Три месеци огорчена борба и голем број жртви (убиени се над 126.000 советски и 25.000 фински војници), плус целосен неуспех на плановите од Финска да се направи социјалистичка држава, сериозно го разнишаа угледот на советската војска.
Советската армија ја сметаа за слаба зашто, наводно, не можела да ги прегази финските трупи, а Хитлер црвената армија ја нарекувал „глинен колос без глава“. Тоа што советската армија се покажа слабо во Зимската војна е уште една од причините зошто Германците смело тргнаа во операцијата Барбароса во 1941 година.
Сепак, и советското воено раководство научи некои лекции од Зимската војна и ги модернизираше и единиците и начинот на војување за мошне кусо време пред германската инвазија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче