Сoветско-финската војна, позната уште и како Зимскта војна, траеше од 30 ноември 1939 до март 1940 година. Територијалните спорови меѓу земјите го разгореа конфликтот. Откако фашистичка Германија ја нападна Полска на 1 септември 1939 година, советското раководство сакаше да ја оддалечи финската граница од Ленинград за да ја зајакне безбедноста на северниот дел на земјата. Затоа СССР побара од Финска територијални отстапки за неколку острови во замена за советскиот дел на Карелија. Но финската влада сметаше дека тоа може да ја ослаби земјата и одби. Советскиот Сојуз, сепак, беше решен да не се откаже од своите планови.
На 26 ноември 1939 година се случи граничен инцидент кај руското село Маинил. Советската верзија е следнава: финската артилерија ја гранатирала советската страна, убивајќи неколку војници. Финската влада го негираше ова. Истиот ден, Советскиот Сојуз побара од финските сили да се повлечат 25 километри од границата. Финците го бараа истото. За Советите, тоа беше невозможно, затоа што значеше повлекување на трупите од Ленинград.
Н 29 ноември 1939 година СССР ги раскина дипломатските односи со Финска. Наредниот ден Црвената армија ја преминува советско-финската граница. Финска му објави војна на Советскиот Сојуз на 30 ноември 1939 година. Црвената армија не успева да ја заземе на јуриш линијата Манерхајм (комплекс утврдувања меѓу Финскиот залив и езерото Ладога) и инвазијата запира на Карелискиот Истмус на 21 декември 1939 година, кога советските трупи се вкопуваат. Сепак, на 14 декември 1939 година СССР е исклучен од Лигата на Народите поради чин „против финската држава“.
Подоцна во своите мемоари Никита Хрушчов, тогашен член на Политбирото, се потсетува дека гранатирањето на Маинила е организирано од артилерискиот маршал Григориј Кулик како провокација – иако Хрушчов тврди дека не знае дали првите истрели дошле од финска или советска страна. Во 1994 година, рускиот претседател Борис Елцин ја осудува Зимската војна, согласувајќи се дека тоа бил чин на агресија.
До февруари 1940 Хелсинки предлага мировен договор. На 12 март 1940 година Советскиот Сојуз и Финска го потпишуваат Московскиот мировен договор и границата е поместена од Ленинград на 120 километри во територијата на Карелискиот Истмус. На 13 март престануваат борбените операции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче