Пред 288 години: Роден големиот руски војсководец Александар Суворов

Александар Василевич Суворов (1730-1800), гроф на Римник (1789), принц на Италија (1799), руски полководец, генералисимус (1799). Портрет на платно.

Александар Василевич Суворов (1730-1800), гроф на Римник (1789), принц на Италија (1799), руски полководец, генералисимус (1799). Портрет на платно.

Владимир Боико/Global Look Press
Тој не загуби ниедна битка во својата кариера.

Секој руски ученик го знае името на Александар Суворов. Често кога се непослушни, родителите се закануваат дека ќе ги испратат момчињата во школата „Суворов“, добро познато воено училиште во Москва, основано 1944 година.

Александар Суворов, роден на 24 ноември 1730 година, е еден од најголемите руски команданти. Тој е познат и популарен како Михаил Кутузов кој го победи Наполеон и Георги Жуков кој го победи Хитлер.

Имиџот на Суворов често се користи во литературата и уметноста, а за него се раскажани многу легенди и приказни. Најпознатата е кога ги учел војниците како да маршираат. Неписмен селанец регрутиран во војска не разликувал лева од десна. Суворов му врзал сено на едната нога и слама на другата и им наредил да маршираат „сено, слама“ наместо „лева, десна“.

Главните достигнувања на Суворов се реформата на руската армија, водењето на двете Руско-турски војни и неверојатното преминувањето на Алпите со неговата војска во 1799 година на возраст од 69 години за време на војната со Наполеон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња