Иван Крузенштерн е роден на 19 ноември 1770 година во семејство на судии. Студира во Кронштат и во 1787 година се приклучува на руската морнарица за да се бори во војната против Шведска. По конфликтот, оди во Англија во 1793 година за да продолжи да студира морнарство. Ги истражува Бермудите и Бенгалскиот залив. Крузенштерн сака да ја пронајде оптималната трговска рута од Русија до Индија.
Експедицијата за обиколување на светот, организирана од Крузенштерн, се состои од два брода: „Надежда“ и „Нева“ кои испловуваат од Кронштат во 1803 година. Обиколката трае три години и ги поминува Атлантскиот и Пацифичкиот Океан, Камчатка и Сахалин. Крузенштерн во текот на целото патување е придружуван од неговото куче кокер-шпаниел. На крајот на патувањето, тој го комплетира неговиот детален „Атлас на Јужното Море“ и ги составува сите резултати од неговите океанографски и етнографски истражувања во три тома.
Крузенштерн е еден од основачите на Руското географско друштво, член на Кралското друштво на Лондон, член на Санктпетербуршката академија на науките и на многу други научни друштва. Адмиралот умира во 1846 година во Талин. По него се именувани голем број географски објекти (теснеци, острови, ’ртови, планини) во Тихиот Океан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче