На денешен ден: Почна првата руска пловидба околу светот

Лисјански: Патување околу светот во годините 1803-06, на бродот „Нева“.

Лисјански: Патување околу светот во годините 1803-06, на бродот „Нева“.

Getty Images
На 7 Август 1803 година два брода - „Надежда“ (Надеж), под команда на Крузенштерн - и „Нева“, под команда на капетанот-поручник Јуриј Ф. Лисјански – го почнаа нивното патување од Кронштат.

На 7 Август 1803 година два брода - „Надежда“ (Надеж), под команда на Крузенштерн - и „Нева“, под команда на капетанот-поручник Јуриј Ф. Лисјански – го почнаа нивното патување од Кронштат. Првата руска пловидба околу светот траеше три години (од август 1803 до август 1806). Бродовите го поминаа ’Ртот Хорн, преку Тихиот Океан кон Јапонија, запираа на бројни острови и пловеа покрај Кина, Алјаска, Камчатка, и Сахалин. Ова патување ја одбележа целата ера на извонредното руската пловидба околу светот.

Научниците кои учествуваа во патувањето собраа вредни ботанички, зоолошки и етнографски информации. Во текот на експедицијата беа проучувани морските струи, температурата, плимата и барометарот.

Знаењето со кое се врати експедицијата беше многу драгоцено, не само во Русија, туку во целиот свет. Наодите на експедицијата беа преведени на различни јазици и додадени во најпознатите библиотеки.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња