Петар Илич Чајковски беше гигант на класичната музика на XIX век. Неговиот стил е одраз на поделеноста во руската интелигенција на западњаци и словенофили и на Руското царство во целина, затоа што се трудеше да создаде чисто руска музика врз европски стандарди.
Чајковски на тој начин им обезбеди на руската мелодија и хармонија место на Западот, а неговите прочуени дела „Ромео и Јулија“, „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и увертирата „1812 година“ се сакани ширум светот до ден-денес. Почина на 6 ноември 1893 година на 53-годишна возраст.
Чајковски е погребан во Санкт Петербург, девет дена по неговата последна изведба. Како причина за неговата смрт воопшто се смета колерата.