Советски нуклеарни подморници, 1973.
К. Куличенко/TASSИгра на мачка и глушец
Судирот меѓу советските и американските подморници за време на Студената војна се одигруваше преку седум мориња. Американските ги гонеа советските стратешки ракетни подморници, исто како што советските подморници ги гонеа американските.
Како што кажа поранешниот капетан на балистичките ракетни подморници К-84 и К-40 Игор Курдин, главната задача на нуклеарна подморница на борбената должност била да избега од странска подморница, затоа што стратешката задача не можела да се изврши ако на патот ѝ стоела непријателска подморница.
Тоа беше многу комплицирано, затоа што секоја подморница имаше „мртва зона“ - просторот зад пловилото кој сонарот не можел да го слушне поради бучавата на механизмите и пропелерот. Американските ловци би се криеле во таа зона и би ги следеле советските стратешки подморници незабележани.
Постоеше посебен тактички маневар за откривање на таквите подморници, командата „потврда дека никој не нѐ следи“, изјави Курдин за Russia Beyond. А Американците измислија за тоа свој назив - „Лудиот Иван“.
Маневарот изгледаше вака: подморница правеше остри и чести свртувања за 90 или дури 180 степени за да им ги открие на сонарите објектите во „мртвата зона“.
Како се појави прекарот „Лудиот Иван“
Изразот првпат се појави по инцидентот со советската нуклеарна подморница К-108 и американската „Таутог“ (ССН-639) од класата Sturgeon на 20 јуни 1970 година во Охотското море, недалеку од Камчатка.
„Таутог“ на голема близина ја следеше советската подморница, а Русите не го знаеја тоа. Одеднаш К-108 изведе низа остри свртувања и исчезна од радарите.
Капетан на советска подморница, 1968.
И. Гричер/RIA NovostiИ. Гричер/RIA Novosti
Американците никако не можеа да ја пронајдат позицијата на советската подморница сѐ додека не се удрија во неа. За среќа, немаше ни жртви ни критична штета и подморниците се разминаа.
Американската морнарица беше во шок и отпрвин не знаеше како да реагира на толку опасен и непредвидлив маневар. По инцидентот на американските морнари им беше наредено да не им се доближуваат премногу на Русите кога ќе ги следат.
Единствениот начин да се борат против „Лудиот Иван“ беше да ги изгаснат моторите и да пловат во апсолутна тишина.
Меѓутоа, подморницата секогаш одеше напред по инерција, а судирот од 1970 не беше единствениот таков случај. За среќа, таквите судири никогаш не завршуваа со големи катастрофи.
Кога „Лудиот Иван“ навистина стана опасен
Сепак, еднаш маневар на советска подморница доведе до бродолом. Единствено што во тоа не беа вмешани Американците.
Во септември 1986 подморницата К-219 со балистички ракети тргна во пловидба во Атлантскиот океан. Малото истекување на вода на почетокот беше игнорирано, но набрзо тоа се претвори во голем проблем. Морнарите мораа двапати дневно да ја испумпуваат водата.
Тогаш „Лудиот Иван“ послужи како катализатор за несреќа.
По овој сложен маневар ракетниот силос се наполни со вода. Експлозијата на боева глава исфрли ракета Р-27 во океанот.
Посадата ја изведе подморницата на површината и сите животи освен еден беа спасени од советски цивилни бродови. Подморницата К-219 потона во Саргаското море на длабочина од речиси 6 км и таму лежи и до ден-денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче