Медиум: „Лира“ - советската подморница што беше страв и трепет за НАТО

Американскиот магазин „Национален интерес“ (The National Interest) објави текст посветен на советската подморница „Лира“, според НАТО класификацијата „Алфа”, која му влеваше страв во коските на Западот во текот на Студената војна.

Подморницата „Лира“ е сметана на Запад за сериозна закана поради својата брзина, длабочината на нуркањето, иновативниот дизајн на трупот и другите технички карактеристики, пишува воениот аналитичар Роберт Фарли во магазинот „Национален интерес“.

Авторот на текстот зборува за невидената брзина на подморницата од 41 јазли, што било возможно да се постигне благодарение на титаниумскиот бродски корпус. „Лира“ можела да нурне на длабочина од 700 метри, што ја правело ни најмалку лесна цел за торпедата. Советската „Лира“ имала можности какви што денес немаат повеќето американски подморници, нагласува авторот.

Во текстот особено се истакнува уникатниот нуклеарен реактор на течен метал благодарение на кој подморниците имале огромна сила. Исто така, ниедна друга класа подморници немала таков погон. Исто така, се наведува дека поради помалите димензии на палубата не можело да се смести арсенал со оружје како на останатите советски подморници.

Авторот пишува и за автоматизацијата која овозможувала пред сѐ помал екипаж, а потоа и пократко време за реакција.

Првата подморница од проектот 705К „Лира“ влезе во употреба на 31 декември 1979 година, а во текот на следните десет години беа произведени седум такви пловила. Со перестројката и намаленото финансирање на војската сите подморници од овој проект беа повлечени од составот на флотата, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња