Сега целиот случај делува како куриозитет, но во текот на осумдесеттите години од минатиот век малку беше потребно поради ова да започне нова студена војна. Шведската кралска морнарица беше револтирана од дрскоста и можностите на советските подморници. Имено, воениот врв беше убеден дека руски миниподморници кои не можат да бидат уловени цела деценија кружат околу воената база во близина на шведскиот брег.
Советскиот Сојуз, се разбира, сето тоа го негираше. Но, почнувајќи од 1982 година, шведските извештаи содржеа соопштенија за активностите на советските подморници во нивните води. Тоа беше вистински кошмар за Скандинавската морнарица. Ним чувството за опасност од советска интервенција им делуваше поубедливо од сите меѓународни договори. Во тоа време Студената војна веќе беше при крај, така што Скандинавците со негодување прашуваа: „Зошто СССР отворено провоцира?“
Острото писмо до Елцин
Една година претходно, во 1981 година, една советска подморница од Балтичката флота навистина се „паркираше“ речиси пред самиот Стокхолм. Посадата погрешно ја определила својата локација, така што подморницата се науска на камења во крајбрежниот дел на шведските острови. Од камењата ја тргаа шведски спасувачи, по што подморницата самостојно се врати во базата, извинувајќи се за настанот. Но, Стокхолм оттогаш параноично почнива да бара руски подморници во своите води, при што навистина имаше појави кои ги потхрануваа стравовите.
Имено, војската во близина на шведската поморска база регистрирала сигнали кои се класифицираат како знак за опасност, и тоа стана редовна рубрика на сите годишни извештаи сè до 1996 година. Освен тоа, се зборуваше и за меурчиња кои излегуваат на површината.
Цел месец во 1982 година неколку бродови, подморници и хеликоптери на шведската армија залудно се обидуваа да го лоцираат тој „неидентификуван морски објект“. Швеѓаните изгубија трпение во 1994 година. Тогашниот шведски премиер Карл Билт му упати на рускиот претседател Борис Елцин протестна нота, прекорувајќи го шефот на државата за лоша контрола над воената морнарица.
Смешно и поучно
За истражувањето на тајните алармантни сигнали во 1996 година беа ангажирани стручњаци за биоакустика на чело со професорот од данскиот универзитет Магнус Валберг. Тој во 2012 година раскажа како овој случај се развивал понатаму.
Научниците беа одведени ви „супертајна“ соба под воената база Берген во Стокхолм. Ова беше првиот случај во историјата на Шведска кога цивили ги слушнаа овие сигнали.
„Си замислував дека тоа е звук случен на свиркање или на вртење на пропелер, но немаше ништо такво. Ова звучеше како некој да пржи сланина, како некакво трескање и шуштење и некакви меурчиња. Не беше ниту близу до она што го очекував од подморница“, раскажува Валберг,
По советувањето научниците се вратика и размислуваа зошто на површината секогаш се појавуваат само мали меурчиња. И дали можеби звукот потекнува од некое животно? Отидоа во продавница и купија балтичка харинга (типична риба во овие води) ја пуштија во вода и почнаа да слушаат „концерт“. Го препознаа звукот што го слушнаа во воената база. Тоа беше звукот кој се слуша кога рибата испушта гасови. Кога харингите се собираат во огромни јата долги по неколку километри и високи 10-20 сантиметри, овие гасови навистина стануваат воочливи на воените радари.
Морнарицата ги познава стандардните „гасови“ на разни животни (китови, фоки и моржови), но никој претходно не се сомневаше на харинга. За ова откритие Валберг ја доби „Иг Нобеловата награда“ за биологија )пародија на Нобеловата награда), која се доделува за „достигнувања“ кои најпрво предизвикале смеа, а потоа поттикнуваат на размислување“. Оттогаш Швеѓаните повеќе не бараат руски подморници во своите води.