Пред 77 години: Потона советскиот мразокршач „Малигин“

Мразокршачот „Малигин“

Мразокршачот „Малигин“

RIA Novosti
Бродот имаше значаен придонес за истражувањето на Арктикот.

Мразокршачот беше изграден во Обединетото Кралство во 1912 година под називот „СС Брус II“ и во 1915 година беше купен од руските власти. Во 1921 беше преименуван во чест на рускиот поларен истражувач Степан Малигин.

Со години „Малигин“ вршеше хидролошки истражувања на различни делови на Арктикот. Во 1932, членовите на екипажот на „Малигин“ ја основаа најсеверната поларна станица на светот. Во 1935, експедицијата на „Малигин“ откри архипелаг од седум острови во центарот на островот Исаченко во Карското море.

„Малигин“, при враќањето од хидрографска експедиција, потона во бура во близина на ’ртот Лоу, недалеку од брегот на Камчатка. Целиот екипаж и членовите на експедицијата – 98 луѓе – загинаа.

„Малигин“ беше еден од мразокршачите кои се користеа за туристички цели на Арктикот. Две од кабините на бродот беа луксузно опремени и издавани на богати туристи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња