Освалд се сретнал со агентот Валериј Костиков во амбасадата на СССР во Мексико Сити два месеца пред убиството на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година.
Во декласифициранот меморандум на ЦИА, Костиков е именуван како висок агент на 13 Оддел на КГБ кој бил одговорен за саботажи и атентанти.
ЦИА пресретнала телефонски разговор со советската амбасада во текот на кој Освалд зборува „на лош руски“.
Според меморандумот, тој „го праша чуварот кој одговори на телефонот дали има „нешто ново во врска со телеграмата до Вашингтон“.
Не постојат никакви сугестии во овој или некој друг декласифициран документ дека Освалд на некој начин бил поврзан со КГБ.
Пензионираниот офицер на КГБ Олег Нечипоренко претходно соопшти за медиумите за посетата на Освалд на амбасадата на СССР во Мексико Сити, која се случила два месеца пред убиството во Далас. Тој работел во амбасадата во раните 1960-ти. Според него, Освалд сакал да добие виза за СССР.
Американската влада објави 2800 претходно класифицирани документи поврзани со атентатот врз Кенеди.