Зошто Фидел Кастро гранатирал американски брод од руски тенк

Youtube
Хирон, мала плажа на источниот брег на Заливот на свињите на Куба во април 1961 година, по инвазијата на Кубанците во егзил кои имаа поддршка од Соединетите Американски Држави, стана поприште на жестоки борби. Во тие решителни часови советските тенкови одиграле важна улога.

Владините сили на Фидел Кастро ја спречија инвазијата на 1.500 кубански емигранти кои ја поддржуваа американската влада. Планот беше војската да излезе, да го осигури подрачјето, да го заземе аеродромот и да прогласи своја влада која би побарала помош од Вашингтон, а со тоа би ја оправдала американската интервенција.

Куба против инвазијата се бореше со помош на старите американски тенкови Шерман, но размести и неколку легендарни советски тенкови Т-34 кои во голема мера придонесоа за победа над нацистичка Германија. Сега се спротивставија на единиците на Кенеди. 

Како тенковите стасале на Куба? 

Како што пишува „Ecured“, Раул Кастро за време на посетата на Русија во јули 1960 година дознал дека ќе му предадат тенкови Т-34/85 модел од 1946 година. Првите тенкови од палубата на рускиот товарен брод излегле во Хавана веќе во октомври. До декември истата година испорачани се отприлика 100 тенкови. Испорачани се и неколку тенкови Јосиф Сталин 2 (ИС-2) кои не учествувале во тој судир, и 41 примерок од М верзијата на тенковите СУ-100. 

Советски брод, Куба

Започнала обуката на кубанските тенкисти. Првиот курс е завршен во февруари. Тенкистите се распоредени на најчувствителните точки на Карибите.

Како што се наведува на блогот 5 септември, во првата Хаванска декларација објавена на 2 септември 1960 година пишувало: „Кубанскиот народ собран во Народното собрание изјавува дека ако дојде до инвазија на империјалистичките сили на Куба, Куба ќе прифати помош на СССР“. Тенковите и нивните екипажи се подготвени.

Потопил ли Фидел американски брод? 

Во април 1961 година во сите светски весници се појавија фотографии на Фидел и Че Гевара во организација на одбраната на кубанскиот брег од американската инвазија. Според пишувањата на порталот fidelcastro.cu, поручникот Нестор Лопез Куба се сеќава на моментот во кој Фидел Кастро стапил во акција на „грбот на еден советски метален ѕвер“. Вели и дека бидел брод од класата Либерти „Хјустон“, за кој се претпоставувало дека носи големо количество за освојувачите. „Фидел не сакаше да гаѓа. Тоа беше логистика на Бригадата на платениците. 'Мораме да дознаеме каков товар носи тој брод', рекол Фидел.

Според Лопез Куба, Фидел на крајот сепак се премислил: „Во ред, подгответе ми тенк“. Му подготвиле еден Т-34 и еден СУ-100. Иако Фидел според пишувањата на службените кубански медиуми бил во тенк Т-34, на „Хјустон“ пукал СУ-100. Бродот се нашол во пламен. Според други извори, бродот го оштетиле кубански авиони

Кои советски тенкови се користеле во борбата против единиците на ЦИА? 

Т-34 

Т-34 е среден тенк кој се произведувал помеѓу 1940 и 1958 година. Благодарение на својот оклоп, силата на огнот и едноставното производство, станува најпознат тенк на светот. Во втората половина на дваесеттиот век Т-34 е користен во судирите кои траеле сè до деведесеттите години од минатиот век. Една од најпопуларните фотографии на плажата Хирон е онаа на која Фидел излегува од еден ваков тенк.

СУ-100

Еден од најдобрите тенкови од Втората светска војна (се користел во последните години од војната) може да продупчи 125-милиметарски оклоп на оддалеченост од 2.000 метри. Се користел со децении во многу воени судири ширум светот. На Куба овие тенкови, според информациите кои постојат, биле во служба сè до осумдесеттите години од минатиот век.

Су-100, Хавана.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња