Како советските сателити ѝ помогнале на Аргентина да потопува англиски бродови

Atlantic Conveyor погоден од ракети

Atlantic Conveyor погоден од ракети

Think Defence / Flickr (CC BY-NC 2.0)
Советските сателити на аргентинската хунта ѝ давале информации со чија помош неколку британски бродови кај Фолкландските острови биле однесени на дното на морето.

Советското раководство не ја сакало аргентинската воена хунта под раководство на Леополд Галтиери, но во врска со судирот во јужен Атлантик Кремљ решил да биде прагматичен – непријателот на мојот непријател е мој пријател. Така Аргентина од Москва добивала податоци за движењето на британската воена морнарица. Еден познат руски новинар тврди дека е можно аргентинските воени пилоти да ги искористиле овие информации.

Од друга страна, не треба да се заборави на тоа дека само две земји не учествувале во ембаргото со прехранбени производи наметнати на СССР по советскиот упад во Авганистан во 1979 година. И тие две земји беа Аргентина и Уругвај. 

Фолкландски острови.

Рускиот сателит во служба на Аргентина 

Иако поголемиот дел советски архиви за Фолкландската војна е сè уште под печатот „доверливо“, политичкиот аналитичар Сергеј Бриљов објави податоци од разговор со војниците на СССР во својата книга „Фидел, фудбалот и Фолкланд“. 

Во интервју за весникот La Nación, Бриљов наведува некои од изјавите на високи раководители на војската и на КГБ од почетокот на осумдесеттите години од минатиот век.

Прво дојдов кај генералот Николај Леонов, првиот заменик на аналитичката служба на КГБ за време на војната. Тој ми потврди дека од почетокот на судирот имало неколку сателити кои испраќале информации на аргентинската војска. Подоцна тоа ми го потврди и генералот Валентин Вареников, кој тогаш беше заменик-шеф на Генералштабот на советските вооружени сили“.

Од каде се сателитските податоци? На 15 мај 1982 година, еден и пол месец по аргентинската „реконкиста“ на јужноамериканскиот архипелаг, Советите во орбитата го испратија сателитот Космос-1363 со една единствена цел – да може да им понуди стратешки информации на аргентинските сили во јужниот Атлантик. 

Super Etendard, моделот кој аргентинската авијација го користеше во Фолкландската војна

Фотографии за аргентинските воени пилоти

Како што пишува новинарот, податоците што ги има дадено сателитот помогнале на 25 мај 1982 година аргентинскиот А-4 Skyhawk да го испрати на дното разорувачот HMS Coventry со 19 од 49 членови на посадата и 37 милиони фунти од британските даночни обврзници. 

Бриљов во својата книга тврди дека британскиот товарен брод Atlantic Conveyor е уште една жртва на советско-аргентинската соработка. Аргентинскиот авион Super Etendard според фотографиите што ги има направено Космос-1365  испукал две ракети AM39 Exocet и го потопил Аtlantic Conveyor. Бродот со себе повлекол 12 човечки животи, шест хеликоптери Westland Wessex, три Boeing Chinooksa и еден Westland Lynx. Без овие машини британската војска морала пеш да го премине Фолкланд за повторно да го заземе Пуерто Аргентино, односно Порт Стенли. 

Помош од другите сателити 

Правникот и стручњак за стратегија и геополитика Марио Пабло Скјарони на својот блог El Snorkel пишува дека сателитот за снимање Космос-1368 секој ден во мај и во јуни во 11 часот летал на Фолкланд на висина од 240 километри. Но, помагале и други сателити. Космос-1455 и Космос-1372 давале мошне важни информации за тоа што се случувало на островите во околината.

Пилот на аргентинскиот A-4 Skyhawk

Уште многу работи се непознати 

Друг вид поддршка што Советскиот Сојуз ја давал на аргентинските вооружени сили била логистичката поддршка со помош на воздушниот мост преку Бразил, преку кој на Аргентина ѝ било испорачувано оружје. Шпионските бродови исто така ја следеле британската флота, а еден од нив (или сепак е рибарски брод?) помогнал во спасувањето на преживеаните од погодениот воен брод „Генерал Белгран“.

Сепак, многу работи сè уште се непознати. За да се откријат сите детали за односите помеѓу СССР и западните сојузници во Фолкландската војна ќе мораме да почекаме уште неколку години додека доверливите информации не престанат да собираат прав во службените архиви.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња