Оса II, легендарниот советски ракетен брод кој го брани кубанскиот брег

Оса II, снимка на ВМС на САД, 1984 година.

Оса II, снимка на ВМС на САД, 1984 година.

Слободни извори
Военоморските сили на Карипскиот остров продолжуваат да користат неколку од овие брзи бротчиња, создадени од СССР некаде во шеесеттите години од минатиот век.

Веројатно овие поморски пловила со ракетни лансери се едни од најпродуктивните во историјата. Во вода се пуштени над 400 бродови од овој тип за Советскиот Сојуз и за извоз во земјите-сојузници. Ова е класика на ниво на старите американски автомобили кои продолжуваат да се движат по улиците на Хавана. Бродовите беа развиени во педесеттите, иако тие влегоа во советската морнарица во шеесеттите години од минатиот век. 

Оса II се разликува надворешно од оса I по цилиндричната форма на ракетните контејнери. Конструкцијата на бродот и на системот за погон му дозволуваат да достигнува високи брзини, бидејќи има два дизел мотори со моќност 12.000 коњски сили.

Оса II.

Има депласман од 172 тони и 210 тони целосна натовареност, длабочината на потопување изнесува 3.8 метри, ширина од 7.64 метри и должина од 40 метри. 

Негово оружје  се 4 ракети SS-N-2B / C, една ракета „Стрела-2“ (SAM SA-N-5 Grail, според класификацијата на НАТО), два 30-милиметарски топови АК-230/65, како и четири 12.7-милиметарски митралези.

Ракетните бродови Оса II учествувале во борбите на Шестдневната војна (арапско-израелската војна од 1967 година - заб. ред.), во војната од Јом Кипур (во 1973 година, кога Египет и Сирија го напаѓаат Израел), во индиско-пакистанската војна од 1971 година и во војната меѓу Иран и Ирак, започната во 1980 година и која траеше осум години. 

Од блогот La Cuaderna Cubana станува јасно дека од 26 брода испорачани на Куба, еден Оса II е ангажиран за да се направи подводен туристички парк за нуркање, а другите се расклопени за резерви делови, откако се симнати ракетите од нив. Се претпоставува дека до денес се користат барем 6 од овие легендарни машини за да се бранат бреговите на Карипскиот остров.

Оса II.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња