Пред 206 години: Отворен Царскиот лицеј каде што учел Пушкин

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Легендарното училиште во Царско село се слави во делата на големиот поет.

Александар Пушкин, најголемиот поет на Русија, напиша серија поеми насловени како „19 Октомври“. Дали знаете зошто тој го обележува овој конкретен датум? Да ви помогнеме – тоа е датумот на отворањето на лицејот во Царско село каде што тој учел 6 години, од самото негово отворање во 1811 година.

Пушкин ги запознава сите свои најблиски пријатели во лицејот. На овој датум, во текот на неговиот прогон или патувања, Пушкин секогаш се сеќава на тие моменти со задоволство и во мислите е опкружен со своите пријатели, како што пишува во една од своите поеми „19 Октомври“.

Лицејот е отворен по наредба на царот Александар I веднаш до Екатеринската царска палата во Царско село, недалеку од Санкт Петербург. Денес има музеј во лицејот каде што можете да ги погледнете собата на Пушкин и средината во која била воспитувана благородничката младина. До ден денешен, 19 октомври се слави како Серуски ден на лицеистот.