Пред 55 години: Почна со работа првата радио-станица за млади во Русија

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Популарен советски бард активно учествува во создавањето на радио-станицата.

Радио „Младост“ почнува со емитување на програмата на 16 октомври 1962 година. Тоа е првата радио-станица за советската младина. Бардот Јуриј Визбор активно учествува во создавањето на станицата.

Радиото емитува популарна советска музика – Ала Пугачова, Лариса Долина, како и рок-музика – Кино, Алиса, Наутилус Помпилиус. Радиото емитува и нова странска музика. Тоа е првата радио-станица во Советскиот Сојуз што почнува со емитување на програма во живо.

До 1991 година радио-станицата нема своја фреквенција, така што нејзините програми се емитуваат во различно време и на различни бранови должини.

Во 1998 година, радио-станицата станува дел од Серуската државна телевизиска и радио дифузна компанија (ВГТРК). По ребрендирањето, радиото го добива називот ЈуФМ и емитува популарна денс музика. Последната радио-емисија ја емитува во јули 2016 година.